Премиерот е во право, директорот на затворот Шутка е тежок морон!

Објавено на 22.02.2019 во 11:46:05 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Уште вчера на пресот кога слушнав како директорот на затворот објаснува дека сите затвореници биле вмешани едни со други и ги чувал само еден полицаец на кој му требало цели 3 минути да дојде на местото на инцидентот, ми се стемни...

Си реков, нешто овде не штима, па за некој да биде избоден и убиен се потребни 20 секунди а не 3 минути, и како бе може само еден цакјкан, и како бе сите се измешале заедно, па нели едните биле министри во влада а другите се терористи на кои било пукано баш од таа влада, им умреле другари браќа, и ти сега ги ставаш во еден простор двете групи?!?! 

Заев е во право, директорот на затворот Шутка е тежок кретен. Он со својата глупоќа сега му даде пас, подарок од боговите на Грујо кој сега испадна во право што избегал, стваро ќе беше убиен од оваа бандата на командант Малушева обвинета за Диво Насеље...

И после крив ќе беше Заев, сите ќе мислеа он наредил убиство?! Ќути жива среќа што Миле и Спире не се потешко повредени...

Заев ќе наебе од кретени околу себе што не си ја знаат својата работа. Тој бил ставен за директор не за да лежи у фотеља од телешка кожа туку да се потруди да нема никаков инцидент во затворот, сите да бидат колку што може безбедни па по цена ако треба да ги следат министрите по два цајкана цело време, а ако требаше да влезе таму екс премиер, он требало да има 4 цајкани со него цело време!

Туку ова е памет за друг пат, од грешките се учи. Едно е јасно, вакво нешто не смее да се повтори никогаш!

Мора да се гарантира безбедноста на сите поранешни функционери но и новинари и судии и обвинители кои со својата работа стекнале многу непријатели кои сакаат да ги излупаат!

Не навлегувам сега во тоа кој кого провоцирал, кој бил крив, самиот факт што се дозволило да дојде до ваков инцидент е грешка и требало да се превенира, затоа што и е нанесена голема дамка на оваа влада и му е даден голем подарок на Груевски па и на Орбан кој сега испадна во право дека му го спасил животот на Грујо.

п.с За тоа колку е глуп директорот зборува фактот што он сам признава дека имало два инциденти на временско растојание од 10-тина минути, и по првиот инцидент он не успеал да го спречи вториот инцидент?!?! АМАН БЕ ЧОВЕЧЕ?!?!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија