Скопската Зоолошка бара девојка за морскиот лав Кан

Објавено на 27.02.2019 во 11:52:50 часот | Македонија

Зоолошката градина му бара девојка на морскиот лав Кан. Тој веќе две години е сам во своето живеалиште откако вториот морски лав Аби, кој заедно со Кан стигна во Скопје од Зоолошката во Загреб, угина во февруари 2017 откако голтна камен кој му бил фрлен од посетител, пренесува СДК.

Изминатиот викенд, делегација од Зоолошката предводена од зоо-негователот Војо Иванов беше во посета на градината во збратимениот град Нирнберг, при што преговарале Кан да добие девојка.

„На директорот на Зоолошката градина во Нирнберг Даг Енке му врачивме благоданица за досегашната поддршка и помош. На работната средба ни ветија дека ќе се заложат што побргу морскиот лав Кан да добие партнерка од градината во Нирберг. Исто така, со директорот Енке разговаравме да го помогнат процесот Скопје наесен да добие пингвини и други животни“, велат од Зоолошката градина.

Кан е жител на Зоолошката градина од септември 2015.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет