ДОДЕКА ТРАМП И КИМ СЕ СМИРУВААТ ВО ВИЕТНАМ, ПАКИСТАН И ИНДИЈА СЕ ПРЕД НУКЛЕАРНА ВОЈНА!

Објавено на 27.02.2019 во 12:07:33 часот | Свет

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, денеска, во Ханој, ќе го почнат самитот со куси разговори за време на вечерата, пренесе Би-би-си.

Нивната прва средба ќе биде 20-минутен состанок еден на еден во 18.40 часот по локално време по што ќе следува вечера со нивните соработници, соопшти Белата куќа. Двајцата лидери утре ќе имаат серија состаноци, но точната агенда не е позната. Но, како што се очекува, потпишувањето некој договор или дополнителна прес-конференција би се случило утре.

Се очекува да разговараат за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Трамп, како што е најавено, покрај состанокот со Ким, ќе има средба и со виетнамскиот премиер и со други политичари. Потоа двајцата е предвидено да вечераат во хотелот со пет ѕвездички „Метропол“ во Ханој.

Трамп на „Твитер“ ја пофали земјата домаќин за нејзиниот напредок.

Donald J. Trump
 
✔@realDonaldTrump
 
 

Vietnam is thriving like few places on earth. North Korea would be the same, and very quickly, if it would denuclearize. The potential is AWESOME, a great opportunity, like almost none other in history, for my friend Kim Jong Un. We will know fairly soon - Very Interesting!

 
27.9K people are talking about this
 

„Виетнам напредува како неколку места на земјата. Северна Кореја ќе биде иста, и тоа многу бргу ако го уништи нуклеарното оружје“, напиша Трамп.

Трамп синоќа пристигна во Ханој, неколку часа по пристигнувањето на севернокорејскиот колега.

Додека ова се одвива, Пакистан и Индија, нуклеарни сили се пред тотална војна откако двете војски соборија неколку авиони од двете страни.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Свет

Македонија