ШИЛЕГОВ ЌЕ КУПУВА ВЕЛОСИПЕДИ И ТРОТИНЕТИ, ЗА ВРАБОТЕНИТЕ СО НИВ ДА ОДАТ НА ТЕРЕН

Објавено на 28.02.2019 во 20:33:35 часот | Македонија

ШИЛЕГОВ ЌЕ КУПУВА ВЕЛОСИПЕДИ И ТРОТИНЕТИ, ЗА ВРАБОТЕНИТЕ СО НИВ ДА ОДАТ НА ТЕРЕН

„Со купувањето на велосипеди и тротинети ќе се намали трошокот за набавка и потребата од користење на автомобили, ќе се заштеди на потрошувачката на гориво и ќе се афирмира заложбата на Град Скопје за почиста и поздрава животна средина“, се вели во образложението на градоначалникот Шилегов. (Фото: К.Попов)

Десет велосипеди и десет тротинети ќе купува Град Скопје за вработените. Тротинетите и велосипедите ќе ги користат инспекторите и комуналните редари кои со нив ќе се возат низ градот, но и другите административци во Градот кои имаат потреба да завршат работа на пократка релација.

„Со оваа набавка ќе се намали трошокот за набавка и потребата од користење на автомобили, ќе се заштеди на потрошувачката на гориво и ќе се афирмира заложбата на Град Скопје за почиста и поздрава животна средина. Покрај тоа, предноста во користењето на електричните велосипеди и електрични скутери се состои и во тоа што со нив се врши побрз превоз во периоди на денот кога сообраќајот во градот е погуст, а исто така паркирањето во центарот на градот е полесно“, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов за ваквата одлука, која треба да биде усвоена на Советот на Град Скопје в четврток.

За набавката на велосипедите и тротинетите од буџетот на Град Скопје ќе бидат потрошени 450.000 денари.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет