ЈАВНОСТА Е ВО ШОК: ЗА ВРХОВЕН СУД, ОРЦЕ КАМЧЕВ Е УГЛЕДЕН БИЗНИСМЕН КОЈ НЕ СЕ БАВИ СО КРИМИНАЛ?!?!

Објавено на 04.03.2019 во 21:25:25 часот | Македонија

Начелното правно мислење на Врховниот суд од 30 јануари почна да се применува во пракса. Првото постапување на врховните судии е за истрагата на специјалното обвинителство „Империја“. Судот, од домашен притвор ги ослободи бизнисменот Јордан Камчев, како и неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Цветан Панделески. Во решенијата Врховен детално образложува зошто наложува веднаш да бидат ослободени од домашен притвор.

„Овој суд оценува дека Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение, или да нареди запирање на истражната постапка до 30.06.2017 година, што значи не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“, пишува во решението за осомничените кое го објави Врховниот суд.

Врховните судии со познатиот став дека СЈО е ненадлежно обвинителство. Покрај правното мислење на самиот суд, како аргумент Врховен за Камчев но и за Јосифовиќ со речиси идентичено образложение.

„Судот воопшто не го ценел фактот дека обвинетиот е неосудуван, истакнат бизнистмен кој раководи со успешни компании во Р.С.М. со 3.000 вработени лица, ужива углед на успешен човек, кој не се занимава со криминални дејствија. При постапувањето судот треба да ја има судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбург и тоа случајот Василковски и други против Република Македонија, поради што во случајот сторени се повреди на одредбите од член 5 и член 6 од Европската конвенција на заштита на човековите права и основните слободи“, пишува во решението на Врховен за осомничениот Камчев.

Во „Империја“ меѓу 13 осомничени е и ексдиректорот на тајната полиција Сашо Мијалков, но неговата жалба не е стасана до врховните судии. СЈО наведе дека осомничените сториле кривични дека за злосторничко здружување, измама, перење пари…

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет