КОНЕЧНО ЈА ВИДОВМЕ СИЉАНОВСКА БЕЗ МАСКА: УШТЕ НЕ СТАНАЛА ПРЕТСЕДАТЕЛ, СЕ ДЕРЕ НА НОВИНАРИ, ИМ ДРЖИ ЛЕКЦИИ ШТО ТРЕБАЛО ДА ЈА ПРАШААТ, СЕ ПРАВИ ПАДНАТА ОД МАРС КОГА ТОА И ОДГОВАРА, БИЛА ЕКСПЕРТ ЗА АНТИКА, САКА ДА МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ЦЕЛ СВЕТ АМА СО ПРАВНИ МЕТОДИ, АБЕ ПРАВА ВМРОВКА

Објавено на 09.03.2019 во 01:34:29 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Аууу, па каде била оваа Сиљановска досега?!

Сите овие 10 години, таа на интервјуа е една тивка, насмеана, загледана у тоа плафонот, мудросерка, а вечерва во Алсат М кога доби малце незгодни прашања кои ставаат знак прашалник за нејзиниот карактер, таа полуде, почна да се дере, да му држи лекции на Васко Попетрески, па дури покажа личен бес, мини нервен слом човече, почна дури да му кажува какви прашања да му поставел на Стево Пендаровски?!?!

ПОЛЕКА БРЕ ЖЕНО! УШТЕ НЕ СИ СТАНАЛА ПРЕЦЕДНИК А ТИ ПОЧНА ДА ОДЛЕПУЕШ!!!

Па цело интервју се правеше удрена со мокра чорапа кога тоа и одговараше, се нешто она не знаела, ама за грешките на СДСМ за овие 2 години све знае па дури и додава, но за грешките на ВМРО ДПМНЕ појма нема...

Па експерт била за АНТИКА, па ќе му објавела војна на цел свет и тоа со правни методи, цел свет ќе се усрал од нејзиното знаење на меѓународното право, абе НАТО ќе капитулирало, САД ќе паднеле на колена, да не зборам па за Грција и Бугарија...

Како ли само ВМРО ја најдоа оваа жена, оваа жена е како Миленко ама со титула проф д-р. Ова е Мирка човече само добро нашминкана. Да имаше Васко повеќе време верувам дека и она ќе почнеше да лупета за ДИП СТЕЈТ и за Џорџ Сорос и за заговорот против Македоња!

Па како бре мисли ВМРО ДПМНЕ со ваков кандидат да победи?! Кој бе сака да се враќа назад во 2008-ма, дали се бе нормални во Белиот Дворец?!?!

ЦЦЦЦ, СТЕВО ЌЕ СЕ ПРОШЕТА ДО ВИЛАТА НА ВОДНО, ОВА ВЕЌЕ НЕ Е НИ ИНТЕРЕСНО УПМ!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија