(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Ќе му помогнеме на семејството на Милош – Градоначалникот Димитриевски во посета на домот на детенцето од село Живиње

Објавено на 11.03.2019 во 22:44:31 часот | Македонија

Во Саботата го посетивме малиот Милош и неговото семејство во с.Живиње. Проблемите се долгогодишни и големи, напиша градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот фејсбук профил, најавувајќи дека во соработка со градоначалникот на Општина Петровец ќе го решава проблемот со превозот.

– Семејството на Милош ќе добие дополнителни средства и во следниот период ќе го пробиеме и реконструираме селскиот пат Колидско – Живиње и воедно ќе ги репарираме најоштетените делови на патот Живиње – Сушица, порача Димитриевски.

Заедно со бизнис заедницата ќе упатиме дополнителна материјална помош на семејството со цел да се подобрат животните услови на оваа семејство, додаде градоначалникот на Куманово.

фотографиите се превземени од фејсбук страницата на Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет