И ГЕРО СЕ ПРЕТЕРА СО РЕКЕТАРСТВОТО: ОТВОРЕНО ПУКА ПО СЈО, А НА ПОРТАЛОТ БАНЕРЧЕ ОД ФИРМАТА НА КОЈА СЈО И БЛОКИРА 10 МИЛИОНИ ЕВРА!

Објавено на 12.03.2019 во 18:08:37 часот | Македонија

Обвинителите истражуваат, a властите веќе ги блокираа сметките на првиот човек на Диамед.  Пациентите, речиси 700 во земјата, за среќа – не трпат. Секојдневно можат непречено да одат на дијализа за да им биде прочистена крвта, во деветте центри за бубрежнo болни низ Македонија. Од Диаверум, шведска фирма и еден од водечките бубрежни центри во светот уште пред неколку месеци, пред да ја преземат Диамед, биле запознаени со тоа дека против приватната здравствена установа овде се води истрага. Ќе се стрпат и ќе почекаат да заврши истрагата бидејќи тие во своите анализи не пронашле никакви неправилности.

Светскиот бубрежен центар Диаверум кога ги презема деветте центри за дијализа на Диамед отвориле нова сметка преку која функционираат во Македонија. Од друга страна, замрзнати се парите на сопственикот на Диамед, Вера Иванова. Станува збор за околу 11 милиони евра.

Во обвинителството за организиран криминал велат дека сметките во Македонија, но и во Монако каде се префрлени парите од продажбата на Дијамед се уште се замрзнати и дека истрагата за изнесените пари трае. Парите во Монако, СЈО ги поврзуваше и со Сашо Мијалков, но потоа се откажа од тоа тврдење. Сопственичка на Дијамед според документите е Вера Иванова, иако фирмата поради иста адреса се поврзуваше и со Ристо Новачевски, првиот кум на екс-премиерот Никола Груевски.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет