БОБИ ХРИСТОВ ГО МРЗЕШЕ ДА ЈА ВОДИ ЕМИСИЈАТА ЗА ШТО Е ПЛАТЕН!

Објавено на 12.03.2019 во 19:51:43 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


На мрзливоста на Боби Христов и нема крај.

Тој е платен да води емисија и да ги заштити гостите од малтретирање и од узурпација и од викање и од лаги и манипулации.

Влатче Ѓорчев ја искористи својата долгогодишна пратеничка и политичка кариера и искуство и својот безобразлук за да доминира да вика да се дере да ги сече у зборење сите да сее манипулации и лаги, а Боби Христов како што го дал господ само нешто мумлаше, ќутеше или си гледаше сеир.

Човекот одбива да си ја врши работата за која е платен.

Мекуш, мрза, неспособен новинар!

Од такви новинари си патиме сите овие 30 години.

Од новинари кои ги мрзи да се испотат, изморат псикички, да си ја нарушат лагодноста, денот да не си го ебат, зен будизмот да не си го сјебат, може главата ќе ги боли, пу пу, скраја да е!

Боби требаше да се дере и да се нервира, он реши да си остане како што го дал господ, на мртво не плаче, на живо не се смее, полу жив.

Мрзливите лигуши неспособни новинари се рамни по зло на куртоните во новинарството.

Да биде трагедијат поголема, темата на емисијата беше заштита од дискриминација а Боби Христов најмногу би требало да се бори за тие вредности, а он толку беше неспособен и мрза и вмровче што дури и оваа дебата ја сјеба!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија