Премиере те молам немој да ги правиш грешките на Груевски

Објавено на 13.03.2019 во 12:23:14 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Дознавам од колеги дека тешко се доаѓа до интервју со премиерот особено ако си опозициски куртон.

Ова не е добро. Да тие се платенички куртони националистички, но имаат право тоа да бидат и премиерот е должен да им даде интервју затоа што тие застапауваат голем дел од граѓаните, преку 300 000 народ.

Па и да се 30 000 народ, премиерот треба да најде време и да им даде интервју.

Тоа е демократски, ферски, за тоа се боревме 12 години, за да имаме премиер кој нема да се крие во кабинетот и нема да оди само на провладини медиуми.

Затоа очекувам во иднина да го видиме премиерот пак на Сител, особено на Алфа ТВ, да даде интервју за Курир, Инфомакс, Република, Лидер итн итн...

Па дури и да отиде на кредибилните и сериозни Макфакс кои во последно време баш добро ја рендаат владата.

Па нека отиде и во емисија кај Васко Ефтов под услов тој да прифати емисијата да оди во живо во студиото на Алфа ТВ а не да се снима па да се сече да се додава филува крои итн итн...

Ова е не само демократски туку е и политички корисно за премиерот. Тој треба да научи од грешките на Груевски.

Дури и да има грешки во работењето на владата, подобро е тој гнев за тие грешки да се вентилира редовно отколку да се чува под експрес лонец па за неколку години да експлодира како што му експлодираше на Груевски со Шарена Револуција и Бомбите на Заев...

Затоа премиере, ајде, кажете им на вашиот ПР да почне да закажува интервјуа со куртонските медиски дувла, какви се такви се, наши си се и имаат право да ве мразат и да ве критикуваат, ваша должност е да се појавите таму и да се браните и да одговарате без да навредувате и без да лажете и без да се жалите како што тоа го правеше Сиљановска кај Васко Попетрески.

А вие нема од што да се срамите, вие сте на правата страна од историјата, ги имате аргументите, ја имате вистината во вашите раце, ја имате и моралот и етиката во ваша корист како нивни борец и застапник и херој, а за грешките, нормално, ќе се извините и ќе ветите дека ќе ги поправите.

п.с Тоа што не ги споменувам 1 ТВ, Телма, ТВ 24 не значи дека они се провладини куртон медиуми, туку дека они се балансирани, владата и Заев одат таму, но не треба само таму, треба да се оди и на брутално опозициски медиуми кои се служат и со лажни вести и со манипулации за да ја критикуваат владата, Заев и владата не треба да бираат каде ќе одат, треба да одат секаде, уредувачката политика и квалитетот на медиумот се проблем на медиумот, Заев и владата не треба да бираат и да наградуваат уредувачки политики, тие треба да бидат СЛЕПИ при давање интервјуа.

Исклучок од ова правило се апла фашисти и лудаци како Миленко, таму сепак никој не треба да оди.

Но кај Јанко Бурек треба да се отиде, тој е на граница на лудак и фашист.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија