ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ НЕГОВО ДИВЕЕЊЕ, АВМУ ДОЗНА ЗА ВАСКО ЕФТОВ: Во емисијата „Во центар“ водителот непримерно се однесувал кон Стојанче Ангелов

Објавено на 13.03.2019 во 14:50:45 часот | Македонија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден програмски надзор врз емисијата „Во центар“ емитувана на ТВ „Алфа“ на 24 февруари 2019 година, при што е констатирано прекршување на програмските начела за вршење на дејноста од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.

„Надзорот покажа дека во делови од емисијата од страна на новинарот Васко Ефтов при интервјуто со претседателот на политичката партија Достоинство, Стојанче Ангелов, не се почитувани начелата за вршење на дејноста, меѓу другото, преку оневозможување на соговорникот да се доискаже, користење лични дискредитации, односно преку обраќање на начин што е непримерен за комуникација преку медиум“, се наведува во извештајот на Агенцијата.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет