Седам со еден мрчатор во автобус пред некое време, и муабетот идеше вака:

Објавено на 13.03.2019 во 15:38:51 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Тој:Абе све џабе, Ѕинго пак се спаси...

Ја: Абе како се спаси, треба да врати 17 милиона евра со Сеат Кочан...

Тој: Абе шо, ќе се спасат бе ај ти, затвор треба затвоор...

Ја: Епа му ги уапсија двата најблиски луѓе кои му се 30 години најблиски соработници, ги чека дебела затворска казна...

Тој: Абе што затвор, париите кај се париитеее?!

Ја: Добро, добро...

Денеска мрчаторите се она што во Груевизмот беа неутралците...

Тогаш не ги интересираше политика, сите беа исти.

Сепа па многу ги интересира политика, само што ништо не ги задоволува, никако да им удоволиш, за се наоѓаат маана.

Што викаше чичко Маџо, нашиот комшија во Кратово, абе за маана лесно е да најдеш, ја можам за се до утре маани да ти кажувам, ама оди сработи го да те видам, тоа е тешкото...

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија