ГРУЈО ЈА УБЕДУВА ЈАВНОСТА: ЧАВЧЕТО Е НЕВИНО, ИСТО КАКО МЕНЕ, НА МРАВКА НЕМА ЗГАЗНАТО, ДВЕ ОВЦИ ДА МУ ДАДЕШ, ТРИ ЌЕ ТИ ВРАТИ СО СЕ ВУНА!

Објавено на 13.03.2019 во 16:23:37 часот | Македонија

Извеганиот експремиерот Никола Груевски повторно се огласи на Фејсбук од Будимпешта, овој пат, коментирајќи го синоќешното приведување на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, во случајот за „27 април“.

Според Груевски, Зоран Заев му со одмаздува на Митко Чавков за случајот „Поткуп“ каде премиерот беше обвинет, а потоа доби ослободителна пресуда.

„Митко Чавков е невин и жртва на политички прогон и политички монтиран процес, кало и многу други лица во тој предмет кој настана како резултат на свесно и планирано незаконско бирање н претседател н Собранието, темпирано токму во време кога пред истото се одвиваат граѓански протести кои траеја помалку од два часа дневно. Процес во кој прво е договорена казната за Чавков и другите обвинети, а потоа е почната постапката и судењето а Заев уште кога дојде на функцијата Премиер даде изјава дека Чавков требало да бега од него со која однапред кажа дека ќе биде прогонуван. Судењето е политичко и е чиста фарса“, пишува Груевски.

 

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет