ЈАВНОСТА Е ЗГРОЗЕНА, ФАЛИ УШТЕ ТОРТЕ ДА ГО ВИДИМЕ КАКО ГИ БРАНИ НА ТВ ГРУЈО И МИЈАЛКОВ: ВИДНИ АДВОКАТИ СТАНАА ПОРТПАРОЛИ ПО ТВ ДЕБАТИ НА МАФИЈАШИТЕ И ПОЛИТИЧАРИТЕ ФАТЕНИ СО СМКНАТИ ГАЌИ, А ДО ВЧЕРА ПО ТВ ДЕБАТИ СЕ ЗАЛАГАЛЕ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО?!?!

Објавено на 14.03.2019 во 01:59:25 часот | Македонија

Добро разбираме дека адвокатите треба да ги бранат криминалците во судница, така функционира правото, секој има право на адвокат, но зошто адвокатите излегуваат на тв дебати и прават мајмуни од себе и од сите нас кога само до вчера збореле нешто сосема друго?!?!

Дали во пакетот кога им се нудат на мафијашите им нудат покрај правни совети, застапување на суд и медиско ПР бранење на тв дебати и вести?!?!

Па значи тоа што сме ги викале по дебати и што сме им барале мислење, тие само си граделе рејтинг во јавноста за да може да набилдаат повисока цена пред мафијашите?!?!

По оваа логика, Торте би требало да вреди милиони евра?! Фали уште него да го видиме како на тв дебата не убедува како тоа СЈО не било фер со Груевци и како сме биле многу строги ептен сме пазеле да не избегаат, тоа било сурово и нечовечки?!

Аман бе адвокати, имате ли бе вие срам, има ли правната фела во земјава уопште срам и рбет позади или се направени сите од гума онаа за куртон што е, латекс?!

Абе луѓе, вие сте адвокати, во судница го браните вашиот клиент, но после работа, на тв, вие сте слободни независни граѓани и имате право на свое мислење и може да кажете дека не се согласувате со некои од постапките на вашите клиенти или пак ич не се појавувајте на дебати, не се брукајте.

Тоа е како некој адвокат на педофил сега да излезе на тв и да не убедува дека педофилијата е здрава за децата?!?! Само за да му помогне на својот клиент?!?!

АЛО БРЕ ДЕЧКИ КОЧЕТЕ МАЛЦЕ!

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет