Ременски: Алооо, каде му е логиката на Мицкоски да го спореди случајот за 27 април со Нирнбершкиот процес?

Објавено на 14.03.2019 во 12:55:51 часот | Македонија

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, му препорачува на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, да прочита малку повеќе за судењата во Нирберг по Втората светска војна. Во интервју за ТВ Алфа, Мицкоски вчера го спореди случајот за 27 април, со Нирнбершкиот процес каде им се судеше на нацисти кои биле поставени на водечки позиции за време на Третиот рајх.

Ременски прашува каде е логиката во оваа споредба.

 

„Види логика еј !?
Мицковски судењето за 27.04 и притворот за Чавков го споредува со судењето на нацистите во Нирнбершкиот процес и истовремено тврди дека обвинетите за 27.04 и Чавков се невини, жртви на прогон и гооллллеееммммииии патриоти !?
Алоооо, и судените во Нирнберг да не беа невини, прогонувани и патриоти !?
Каде и која му е логиката на оваа споредба и “навигација”?
Нека му каже некој да прочита повеќе за Нирнбершкиот процес, сведочењата обвинетите, оправдувањата што си ги давале за злосторствата и сл.
Единствената можна компарација со Нирнберг е потврдата на функционирањето на “теоријата на штрафови и запчаници” и “за одговорноста” што од овие процеси ги објасни големата Хана Арент.
Но, Хана Арент очигледно не е литература за Мицковски“, пишува Ременски.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет