ТРИЧКО СИ ДАДЕ ОТКАЗ ВО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ВЕСНИКОТ ПО МНОГУ ВАЖНИ ПРАШАЊА, СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО РОКЕР МЕЃУ ГУСЛАРИ!

Објавено на 14.03.2019 во 21:12:49 часот | Македонија

Тричковски заминува од “Слободен печат”

Не знам дали не е доцна да ја прекинам соработката со “Слободен лечат” веќе со бројот од оваа сабота (16.03). После пет години добра соработка, не би сакал да ги соочам со празни простори и крпени решенија во последен момент. Ако имаат таков проблем, очекувам да ми се јават утре претпладне, во тој случај прекинот ќе важи од следната сабота (23.03), а за ова што е задутре, ќе ја добијат мојата редовна колумна. 

Не сум сигурен, бидејки не читам такви документи, можеби имам и некои договорни обврски што сакам да ги испочитувам.
Подолго време раазликата со генералната уредувачка политика на “Слободен печат” јас ја третирав како нешто што можеме, па дури и треба, да го толерираме во рамките на демократскиот дискурс. Веројатно и тие
мислеле така. Но, во меѓувреме, тој јаз се претвори во Сент Андерс расцеп, а јас почнав да си изгледам себе си како рокер кој залутал во некој оркестар на гајдаџии и тапанари. Тие ги бендисуваа моите колумни и кога со нив не се сигласуваа, но мислам дека на крајот сфатија дека тоа време е поминато. 

По сите клучни теми: Преговорите со Грција и со Бугарија, двата клучни договора, името и идентитетот, референдумот, односот кон Владата, битката против криминалот, статусот и судбината на СЈО, судските процеси и пресудите, аферашењето, имавме спротивни становишта

Со други зборови, не сакам со своите ракописи да ја легитимирам и афирмирам уредувачката политика на весникот, а не гледам дека има смисла и тие да објавуваат човек што сака да ја убие Македонија и македонскиот јазик и да ги остави нивните деца без идентитет, како што рече Геро во последната расправа, терајки ме да си го поставам истото прашање што си го поставував кога ги гледав Кара Ками Шева Ванковска, Силјановска, Грчева или Ќулафкова: каква е каквоќата на умот врз која е можно да се изврши вакво поблесавување. Бидејки немав квалитетен одговор, си дозволив вака да ја завршам соработката:
Адио, Геро, фрапиран сум од неспособноста да совладуваш малку посложени конструкции, во бинарниот систем на глупавиот македонизам, ти си нулата, Владе, можеби, би можел да биде единицата, но ништо повеќе од тоа. Штета. А бевте убава десетка.
Крај на приказната.

П.С.

Поздрав до колегите и благодарност за соработката!

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет