(ВИДЕО) КАДЕ ТЕРААТ ВМРОВЦИТЕ ДАЛИ СЕ СВЕСНИ: Мицкоски ги изостави Албанците, не ги повика да гласаат за Силјановска

Објавено на 14.03.2019 во 23:10:48 часот | Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во повик до граѓаните од различни етнички заедници да гласаат за кандидатката за претседател, Гордана Силјановска, ги изостави Албанците.

„Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април, масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова“ – рече Мицкоски.

Цитатот погоре е објавен и во текстуална форма на Фејсбук страницата на Мицкоски.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет