МНОГО ДА НЕ Е КУМЕ: ГАЗДАТА НА КАНАЛ 77 БАРА ОД ДРЖАВАТА ДА МУ ДАДЕ УШТЕ ЕДНА НАЦИОНАЛНА ЛИЦЕНЦА ЗА РАДИО, САКАЛ ДА ИМА ДВЕ ДРЖАВНИ РАДИО СТАНИЦИ?!?!

Објавено на 18.03.2019 во 14:25:56 часот | Македонија

Има една славна сцена од култниот српски филм ЛЕПА СЕЛА ЛЕПО ГОРЕ, каде едниот лик од заглавените во тунелот се шегува на секој предлог на гладба - МНОООГО ДА НЕ Е КУМЕ?!

Па така на тоа прво ни текна кога дознавме дека газдата на Радио Канал 77 крева паника што ќе се дала нова лиценца за радио на некоја фирма која имала опасна намера да пушта бугарска музика?!?!

ДОДЕКА ВО ИСТО ВРЕМЕ, ТОЈ САМИОТ КОНКУРИРАЛ ЗА УШТЕ ЕДНА ЛИЦЕНЦА ЗА НАЦИОНАЛНО РАДИО, ЗНАЧИ ЕДНО МУ Е МАЛКУ, ЗАКА УШТЕ ЕДНО РАДИО ДА ИМА?!?!

МНОООГО ДА НЕ Е КУМЕЕ?!?!

Линк од неговата анализа каде шири паника за целата работа но премолчува дека нема логика тој да води две радија?!?!, на неговиот портал ММС, овде.

Да се разбереме, Радио Канал 77 е одлично радио, Горан Гаврилов се покажа досега како многу одговорен, сериозен, способен медиски газда, но сепак, да се бара уште една лиценца за национално радио кога го имаш најслушаното радио на државно ниво, мислиме дека е малце забегано.

Исто така срамота е што тој во обид да се пресмета со потенцијалните конкуренти се користи со ширење на бугарофобија, мислевме дека тие финти од 90-тите се минато.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет