25 години од Пред дождот, ремек-делото на Милчо Манчевски, филмот кој за жал речиси никој не го разбра!

Објавено на 18.03.2019 во 15:17:32 часот | Македонија

25-godini-od-Pred-dozdot-01.jpg

„Времето никогаш не умира. Кругот не е тркалезен“. Најуспешниот македонски филм на сите времиња е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и уште 4 номинации од кои најзначајната е секако номинацијата за Оскар (Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје) во 1995 година.

Трите делови „Зборови“, „Лица“ и „Слики“ се поврзани во хармонична филмска нарација, а преовладува една од секојдневните и вечните теми на Балканот, секогаш подеднакво болна и актуелна, разработена на начин како што само Милчо умее да ја раскаже и режира.

25-godini-od-Pred-dozdot (3).jpg

25-godini-od-Pred-dozdot (5).jpg

25-godini-od-Pred-dozdot (4).jpg

Главните улоги ги оживуваат Кетрин Картлиџ, Раде Шербеџија, Лабина Митевска, Грегоар Колен.

 

 

Дел од филмските сцени се снимени во Мариово, а дел во Охрид. Одличната кинематографија и фотографија го прават уште помагично целото филмско доживување, а „Њујорк Тајмс“ го вбројува „Пред дождот“ во 1000 најдобри филмови во историјата.

Филмот е дел од програмата на стотици универзитети ширум светот, а во Италија претставува дел од задолжителната наставна програма во средните училишта.

25-godini-od-Pred-dozdot (2).jpg

25-godini-od-Pred-dozdot (1).jpg

25-godini-od-Pred-dozdot (7).jpg

„Пред дождот“ е апсолутно маестрален филм кој секое одново гледање го прави ново возбудливо искуство и поинакво доживување.

И секако, слушнете ја магичната музика на групата Анастасија која совршено ја исполни тишината во „Пред дождот“:

 

 

 

* реклами:

Македонија

Свет