Ова не го очекував, според досега кажаното, Сиљановска е една гнасна, расипана, злобна, нечесна жена а очекував да се обиде да не шармира и да глуми малце лудило!

Објавено на 19.03.2019 во 00:12:49 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Еј човече, со толкава леснотија да плукаш по СЈО, па да ја вреѓаш Катица Јанева дека била срам за земјата, а си кандидат на партијата која седи во партиско седиште кое е украднео и е цел на процес во СЈО?!?!

Се шеташ со еден Хорхе кој е симбол за злото во земјава колку што е симбол и Мијалков и Груевски...

Да се враќаш назад и да го легитимираш режимот на Грујо па плукаш по Стево зошто изгубил 2014-та година?!

Па ги брани оние барабите кои кољаа во собрание на 27-ми април.

Па секој ден се закача со Стево со некакви плитки вмровски фори, како да е некоја блесава плавуша од унија на жените, небаре е една Рангелова, па дури и Рангелова не би се спуштила толку ниско и простачки...

Стево бил лош, затоа што 30 години бил вработен во МВР, тоа значело дека е некаков црн расипан лик, а она беше министер на Бранко во транзицијата и а сопругот и имаше Фри Шоп преку кои одеше целиот шверц во 90-тите?! Што значи тоа, дека е она некаква чиста интелектуалка, ама во влада со фри шоп на граница кој врти 100 000 евра дневно?!?!

Стево требало да се срами што и служел на државата и чесно си работел во МВР и бил во кабинетите на Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, а она е чесната што е кандидат на партијата која од МВР направи ВМРО МВРО?!?!

Наместо да се сврти кон партијата која ја предлага па да го запука Груевизмот и да вети дека ќе биде подобра од Заев и СДСМ во реформите на земјата, таа нешто се туфка, ги бие битките на Мицковски, му слугува на еден Грујо, се брука, се бербати, се валка во кал и гомна секој ден...

Па добро, колку е оваа жена расипана гнасна нечесна и злобна?!?! Па дури и јас сум малце затечен и разочаран. Очекував професорката малце да не шармира, да не очара, да ни продава малце магла, да шири некаква демагогија, да се додворува до шарена револуција со ветување дека идеалите се предадени и дека таа ќе ги брани со помош кон СЈО и конструктивна критика кон нив но за да им помогне а не да им одмогне...

Не очекував ваков гнасен настап, не очекував ваква гола расипаност и гнасотија и злоба, оваа жена е Грујо маскиран со сукња и шминка...

Зад таа фасада на жена стои сето зло против кое се боревме 12 години, оваа жена е новата Доста Димовска, новата икона на ВЕМЕРЕТО!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија