Судбината на двете деца на Сиљановска објаснува многу за неа но и за мотивите за нејзиниот влез во политиката во овој момент и на тој начин кој е поразителен за неа!

Објавено на 23.03.2019 во 00:56:44 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Морам да признаам дека бев шокиран кога дознав дека ќерката на Сиљановска работи како келнерка во кафана Љуц, каде јас работев како студент пред 20 години, а нејзиниот син свири на кавал и изработува лулиња.

Се распрашав и дознав дека и двете нејзини деца имале проблеми со дрогата, проблем кој очигледно не бира чии деца ќе зафати.

Тоа што нејзините деца се практично неуспешни во секој поглед зборува многу за Сиљановска и за нејзините мотиви да влезе вака брутално во политиката во овој момент.

Тоа што сега се обидуваат вмровските портали да го прикажат синот на Сиљановска како скромен хуман дечко е комично ако се спореди со тоа колку самата Сиљановска се фали со своите титули и своите успеси на светски академски план и како тоа било доказ за нејзиниот човечки квалитет, тогаш каде се тие успеси кај своите деца?!

Испаѓа дека таа градела кариера така што целосно ги запоставила своите деца, што зборува дека се работи за една многу себична жена.

Но може да значи и дека премногу ги разгалила, па не биле способни нити мотивирани за некакви достигнувања во животот. 

Како и да е, значи дека Сиљановска како прво располага со погрешен мајндсет и дека не била способна да се грижи адекватно за своите најблиски, како тогаш ќе се грижи адекватно за целата нација?!

Од друга страна пак, тоа што нејзините деца се практично на питачки стап значи дека таа сега од оваа позиција можеби се обидува да го уновчи својот статус на голем интелектуалец па затоа сега се обидува добро да се продаде на политиката и политичарите за да дојде до позиција да може да црпи големи финансиски средства со кои ќе може да им помогне на децата кои очигледно се во животна невоља. Ако некој мисли дека со келнерство и свирење кавал може да се обезбеди пристојна живеачка во Скопје, гадно се има заебано. Прашање е дали овие деца воопшто има што да јадат и кај да живеат без нечија финансиска поддршка.

Ова можеби конечно дава логично објаснување за нелогичното однесување на Сиљановска овој период, зошто реши да се брука и да биде кандидат на една мафијашка фашистичка организација која себеси се нарекува ВМРО ДПМНЕ.

Сосема е можно кај неа да се разбудил мајчинскиот инстинкт и таа себеси да се жртвува за да ги обезбеди добро децата, нешто за што немам ништо против, но имам проблем што сака сите нас да не фрли во септичка јама за да го изведе тоа, требало да најде некој друг начин кој нема да биде толку штетен за земјата.

Ако не дај боже таа успее да победи, земјава безмалку ќе заглиба пак кон граѓанска војна, нејзините ставови за договорот со Грција и Бугарија и за законот за двојазичност е безмалку политичка објава на граѓанска војна, која ќе се оствари ако народот ја прифати како политичка понуда.

Па богами, тој план е пеколен, без разлика колку и да е со мајчински побуди и резултат на некој семеен очај.

Зошто е сето ова важно? Мораме сите да знаеме на што се е спремна Сиљановска ако не дај боже стане претседател. Мора да знаеме дали има интелект и карактер да направи такви дела и потези кои ќе значат катастрофа за народот.

Сепак, ние немаме нуклеарни ракети како САД, па Сиљановска не може да притисне некое копче и да предизвика нуклеарна војна, но има начини како еден претседател може да направи огромна штета за својот народ, сепак е врховен командат и може да прогласи воена остојба и во тие моменти да биде и влада и претседател и генерал на армијата, се во едно!

Што зборува за Сиљановска судбината на нејзините деца? Зборува дека сепак таа е сосема можно да е болно себична и амбициозна, до ниво на нарцисоидна психопатија. Да дозволиш твоите деца да се тотални клошари а ти си еден од највидните професори на УКИМ, па и министер у влада, е навистрина шокантно.

Таа нејзина болна себичност може да се види и во нејзините политички ставови и говори и тв настапи. Ако се сетите на нејзиниото интервју со Васко Попетрески ќе ви текне дека речиси цело интервју таа не го ни споменува народот, туку цело време збори во ПРВО ЛИЦЕ ЕДНИНА, како ТАА била повредена од договорот од Преспа, како НЕЈЗНИОТ идентитет бил загрозен, како НЕЈЗИНИТЕ дедовци комити од Егејска Македонија биле засегнати, нивното дело, како ОНА била разочарана, збунета итн....

Излегува дека треба да го поништиме договорот од Преспа за нејзе да и биде полесно?! А со народот, што со него, кои ќе бидат последиците за идните генерации, ќе се сопре ли иселувањето, платите ќе растат ли, нови работни места ќе има ли, пензиите ќе опстанат ли, ќе банкротираме ли, ќе има ли нови болници, нови патишта, екологија, итн, или битно е на Гоца да и биде арно?!?!

Нејзината себичност се гледа и во другите нејзини ставови, навистина е неодговорно кон народот да го убедуваш дека може да јаде корења додека биеме битка со цел свет за името?!?!

Нејзината себичност се гледа и во фактот што антагонизмот кој го има со Албанците и нивните права е толкав што таа не се ни грижи што ако се повтори 2001-ва година, кој ќе биде крив за новите жртви, новите инвалиди, новите исчезнати а убиени и закопани кој знае во која шума итн, нив значи кој ги врти?!?! Битно ја браниме МАКЕДОНШТИНАТА?!

Да не зборувам па за немањето емпатија за претепаните пратеници на 27-ми април, како да се тоа некакви глувци или лебарки па повеќе симпатија има за барабите кои се обвинетри за тоа крвопролевање?!

Можеби таа нејзина себичност го објаснува и нејзиниот молк изминатите 12 години кога удобно си седеше во ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА и си лапаше неколку илјади евра плус дебелата плата од УКИМ?!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија