ЕКСКЛУЗИВНО: Мактел ги дозна анкетите за Пендаровски и Сиљановска, дознаваме дека има голема загриженост на Бихачка!

Објавено на 23.03.2019 во 18:50:23 часот | Македонија

Од извори кои се добро информирани за тоа што се случува на анкетите, дознаваме дека имало голема загриженост на Бихачка.

Имено, Стево и водел на Сиљановска над 150 000 гласови во прв круг, па според тоа ВМРО ДПМНЕ ќе биде прегазено во првиот круг до таа мера што ќе се решат да бојкотираат во втор круг за да спасат што може да се спаси од срамот кој што ќе го изедат.

Кај Македонците ситуацијата е речиси нерешено, но кај малцинствата Стево водел со речиси 100% спрема нула, па сите Малцинства заедно Албанци, Роми, Власи, Турци, Торбеши, Бошњаци, Бугари, Египјани, Хрвати се на куп прават разлика од над 150 000 во првиот круг во корист на Стево. Само кај Србите имало поделеност и тоа пола за Стево пола за Сиљановска.

На нашето прашање до нашите извори зошто Таравари се излетува со такви изјави дека Сиљановска водела на анкетите, тие ни одговорија:

- Таравари е лажен од страна на ВМРО ДПМНЕ кои наместо да му кажат дека ситуацијата е речиси нерешена само кај Македонците каде на некои ВМРО-вски анкетари каде се користи штимување Сиљановска е дури и во благо водство, тие му даваат анкети кои лажно ги преставуваат како анкета за сите гласачи, но тие се однесуваат само на Македонците, но во земјава има и други кои гласаат, не се само Македонците, за жал на Сиљановска и ВМРО ДПМНЕ.

На нашето прашање која е најголемата опасност за Стево на овие избори, тие ни велат:

- Или ВМРО ДПМНЕ да се исплаши од дебакл и да бојкотира или па гласачите на Стево толку да се опуштат и да мислат дека работата е добиена пред време што ќе се случи она што и се случи на Хилари и на Британците со Брегзит каде што милиони гласачи ги мрзеше да идат да гласаат со уверување дека Трамп ќе биде прегазен или па дека лудата идеја БРЕГЗИТ нема шанси да помине, ама ете што се случи на крај. Тоа е најголемата опасност за Стево на овие избори, ни велат нашите извори.

На нашето прашање, како ќе се постават Алијанса на Албанците и БЕСА, нашите извори ни велат:

- Тие ќе играат во прв круг Река да земе над 100 000 гласови со што ќе му дадат црвен картон на ДУИ, но во втор круг сите тие гласови ќе отидат на контото на Стево, нема шанси Албанец да гласа за Сиљановска, тоа на овие избори е речиси незамисливо.

На нашето прашање што е со разочараните од Заев и од СДСМ, нашите извори ни велат:

- Очекуваме Стево да тера како во првото интервју на 1 ТВ каде настапи прилично независно па и критички кон владата, тоа од него и се очекува, тој да биде независен претседател кој ќе има право некогаш и да ја критикува владата за некои грешки. Затоа и беше избран токму тој, за да привлече неопределени гласачи и разочарани.

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет