Премиере Заев, време е да и ја кажете на македонската јавност суровата и горчлива вистина по цена и да изгубите политички рејтинг

Објавено на 24.03.2019 во 18:25:17 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Имам чувство дека две години како да се вртиме во круг, како да сме заглавени во некоја невидлива кал кој не ни дава да се лансираме напред.

Време е премиерот Заев храбро да излезе во јавноста и да почне да ја збори горчливата вистина по цена и да изгуби политички рејтинг.

Гледаме како Општина Центар се изживува со стотици инвеститори во центарот на Скопје кои имаат во рацете над 100 милиона евра инвестиции во згради но работата им е стопирана затоа што СДСМ во Центар тера популизам и комунизам!

Гледаме како десетици рудници во централна и источна Македонија чекаа со години дозвола за градба а имаат стотици милиони евра спремни инвестиции.

Гледаме како некои други железари и фабрики кои одамна не молат да влезат и да инвестираат ние не им даваме затоа што СДСМ се плаши од НВО организациите кои во трка за грантови наметнуваат некаков МИЛИТАНТЕН ЕКО ФАНАТИЗАМ според кој сите ние треба да живееме како Абориџините во Австралија, значи со голи газови да ловиме диви зајаци и да јадеме диви компири по планините.

Време е Заев храбро да излезе пред народот и да му ја каже вистината во лице - НАРОДЕ АКО САКАТЕ ВИСОКИ ПЛАТИ И РАСТ НА БДП ОД НАД 8% СО КОЈ ЌЕ УСПЕЕМЕ ДА ГИ СПАСИМЕ ПЕНЗИСКИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ ФОНДОВИ И ДА ГИ СОПРЕМЕ МЛАДИТЕ ДА БЕГААТ ВО СТРАНСТВО ТОГАШ МОРА ДА ИМА ВО ЗЕМЈАВА И РУДНИЦИ И ЗГРАДИ И ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ И ФАНБРИКИ И ЖЕЛЕЗАРИ И СВЕ ШТО ЗНАЧИ ИНВЕСТИЦИИ!

Се друго е што викаат Србите ШИЈА МИ ГА ЏУРО!

СДСМ ќе си добива уште неколку избори, народот ќе си се иселува, платите ќе се качуваат минорно и споро, ќе ни треба уште 100 години да ја стигнеме Словенија.

Премиерот совршено добро знае дека економија не се прави со субвенции и со владини интервенции и со грантови од ЕУ и со кредити од Светска Банка.

Нас ни треба зовриена економија а за тоа ни требаат фабрики бре луѓе, ни требаат јако градежништво, рудници, железари, стотици милиони евра инвестиции!!!

Време е премиерот да биде храбар дома на теми економија и екологија како што беше храбар на тема името и двојазичноста и договорот со Бугарија.

Сите тие договори ги правевме за да станеме богата земја. Џабе сите тие компромиси ако фанатиците еколози не ни даваат економски да пркнеме, тогаш за џабе ќе влегуваме и во ЕУ и во НАТО, тамо леб нема да ни дадат, само ќе ни помогнат САМИТЕ ДА СИ ПРОИЗВЕДЕМЕ ЛЕБ ДОМА!

А ако се плашиме од рудници, згради, фабрики тогаш леб нема да има овде. Ќе има во Германија, Америка, Канада, Нов Зеланд...

Ајде премиере, храбро како што се очекува од вас, вие важите за храбар и одговорен политичар.

Вие и должите на бизнис заедницата помош, вие треба на бизнис фелата да и го отворите патот за да инвестираат, не да ги оставате тие да се тепаат со еко фанатиците и градиначалниците популисти кои се уплашени дека ќе изгубат на избори.

Вие им ги качивте даноците на тие бизнисмени, ги натеравте да ги кренат платите, ги натеравте да се охрабрат и да земат кредити и да инвестираат, сега овозможете им атмосфера за правење бизнис а не да ги зафркавате со овие мораториуми и овие тргни-застани еко дозволи за рудниците и железарите. 

Од оваа влада очекуваме наредна година и наредните години раст на БДП од 6-8 посто, се друго е ПОРАЗ И НЕУСПЕХ!

Во моментов на медиумите оди огромна хајка против новата инвестиција до ГТЦ каде инвеститор обезбедил инвестиција од над 50 милиона евра за голем комплекс на стамбени згради и трговски центри и ние сега нешто се цепидлачиме дека тие згради ќе го уништеле Скопје?! КАКО БРЕ ЛУЃЕ?! Со тоа што ќе се свртат 30 милиона евра и ќе се поделат високи плати во текот на една година градба и што ќе направат профит многу градежни фирми, архитектонски бироа, меблари, столари, плочкари, ќе се отворат рабони места за над 500 градежни мајстори кои за година две ќе заработат по 5000 е на име плати?!

Сега па нова луда идеја да се затвореле сите казина и кладилници?! Нови 7000 невработени во земјава и над 20 милиона евра помалце во буџетот на име даноци?! Да не зборам за над 1000 семејства кои живеат од кирии а кои ќе останат без приход? Зошто ова не се реши малце поразумно, на пример, да се тргнат 100 метра од шоколите, да се ограничи висината на влогот и државата да понуди помош на зависниците од игри на среќа, зошто се оди со драконско решение кое ќе значи пукање у нога за македонската економија?!?!

Ајде премиере, ти си човек од бизнисот, од тебе очекуваме економски разум а не некаков популизам на штета на џебот на граѓаните. Од тебе очекуваме кога ќе треба да се бира меѓу доброто за земјата на долг рок и доброто на твојата политичка кариера на краток рок, секогаш да го избереш првото. Народот има право да биде прост и хистеричен, но ти си должен да им ја кажеш вистината во очи и да пробаш да ги убедиш, ако успееш во ред, ако не успееш пак во ред, но мора да се донесат храбри одлуки по цена и по 10-20 години народот да сфати дека ти си бил сепак во право и дека одлуките ти биле исправни!

п.с Па и оваа хајка за платформите на Матка. Зошто толкава паника за две платформи на вештачко езеро кои ќе ја зголемат понудата и нема да има само една кафана на езерото која има цени како да седиш во Монте Карло?!?! Па повикот да се срушат сите ресторани во Струга?! Што им е на луѓето?!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија