Ахмети апелираше опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО

Објавено на 24.03.2019 во 22:20:41 часот | Македонија

Ahmeti

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја повика опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО, туку напротив, дека треба да продолжат разговорите за новиот закон за јавно обвинителство, со кој ќе се реши и судбината на СЈО.

-Имавме средби. Апелирам опозицијата да не се повлекува од дијалогот и да се постигне согласност за доброто на државата, изјави Ахмети.

Слична порака вчера испрати и вицепремиерот Бујар Османи, кој додаде дека покрај преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, власта треба да продолжи и со разговори со пратениците за обезбедување на двотретинско мнозинство.

Ахмети присуствува на настан по повод 20 годишнината од почетокот на интервенцијата на НАТО на Косово, организиран од Институтот за духовно наследство на Албанците.

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет