ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКА УНИЈА- ГДУ ГО ПРОМОВИРАШЕ СВОЈОТ ЛОКАЛЕН КЛУБ ВО ВИНИЦА

Објавено на 31.03.2019 во 17:24:48 часот | Македонија

Вчера, Граѓанско Демократската Унија го промовираше својот локален клуб во Виница. На промоцијата во ресторанот „Александар Парк“ присуствуваа голем број членови и симпатизери на ГДУ од Виница. Во своето излагање претседателот на локалниот клуб на партијата, Дејан Соколов, ја истакна идејата и целта на партијата и изрази жалење за тоа дека Виница веќе станува празен град, бидејќи не престанува трендот на иселувањето на младите луѓе.

„Не е проблемот секогаш во парите, проблемот е и во системот на државата, лошото здравство, образованието, судството, институциите“, изјави Соколов пред виничани. Граѓанско Демократската Унија-ГДУ ќе биде блиску до граѓаните и ќе ги очекува нивните идеи за подобрување на состојбите на повеќе полиња во Виница, додаде Соколов.

Во своето обраќање претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев, им порача на виничани да им дадат шанса на храбрите млади луѓе кои што сакаат да сменат нешто во државата, бидејќи и покрај тоа што до сега го давале својот глас за големите партии и нивните „паметни“ политичари резултатот е речиси испразнета Виница.

За потпретседател на партијата е именуван Дарко Илиев.

Локалниот клуб во Виница е четвртиот Локален клуб на Граѓанско Демократската Унија. Претходно ГДУ ги промовираше своите локални клубови во Штип, Охрид и Куманово.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет