ЕМИЛИЈА ЛАЗАРЕВСКА: Неколку митинзи ја изморија и збунија Гога, како ќе го издржи секојдневното темпо на средби, патувања и говори ако стане Претседател на РСМ?

Објавено на 08.04.2019 во 00:15:33 часот | Македонија

siljanovska-1-670x419

-Споредбата со Франција треба да биде духовита? Пак ќе кажам, за мене е тажно што професорката решила да ја заврши професорската кариера на ваков начин.

Едно е да си професор и да држиш предавања со реторички прашања, монотоно и споро говорење, друго е да сакаш да бидеш политичар, па уште Претседател и да трчаш кампања на која треба да ги мотивираш гласачите од секаков ков и провиниенција.

Да те успие на митинг. Па уште и со лапсуси? Не се вклопува во вмровското милје на агресивни кампањи, иако Мицкоски вели дека е поголема вмровка од сите вмровци. Се гледа константен замор и деконцентрација. Темпото не е само за неа такво, било и ќе биде за сите што се занимаваат со политика. Како ќе го издржи секојдневното темпо на средби, патувања и говори ако стане Претседател на РСМ?

Или планира да продолжи како Иванов во изолација и 5 години самотија? Замислете на меѓународна конференција да ја згреши државата каде што се наоѓа и да рече -,,Леле извинете„….?!

Тогаш и вселената ќе ни биде мала, бидејќи таму е Македонија, а не Силјановска.

Фб статус на новинарката и уредник на Ако.мк,  Емилија Лазаревска

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет