ВНИМАВАЈТЕ - НИ СЕ СЛУЧУВА ПОДЛА ПР ОПЕРАЦИЈА ОД КОЈА ЌЕ ВИ СЕ КРЕНЕ КОСАТА НА ГЛАВАТА: Пред нашите очи го ретушираат ГРУЕВИЗМОТ и тоа го прават поранешни најголеми борци против тој режим!

Објавено на 08.04.2019 во 14:13:26 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Некои разочарани борци за слобода, значи поранешни борци против режимот на Груевци, кои се лути на Заев и владата поради икс причини, или лошо поделен колач или мало влијание на новата власт а се надевале да бидат БОГ И БАТИНА, сега се дел од една валкана подла злобна ПР операција од која има да ви се крене косата на главата.

Имено, за да му се одмаздат на Заев, тие во исто време прават две подли ПР операции, првата е насочена кон власта на СДСМ а втората е насочена кон опозицијата.

1. Во првата ПР операција се користат две техники, едната е МАСОВНА ХИСТЕРИЈА за најситни грешки на власта кои ги прогласуваат за КАТАКЛИЗМА и втората техника е омаловажување на големите успеси преку нивна саботажа и фокусирање на некои небитни детали со кои се омекнува еуфоријата поради тие големи успеси.

Погледнете кој ја тераше хајката против посетата на Ципрас и целата таа паника за химната и гардата? Плусинфо и Слободен Печат помогнат од Владе Милчин и уредувани од Бранко Геровски, секако. Курир не врескаше толку колку што врескаше Плусинфо.

Исто така се саботира и кампањата на Стево Пендаровски со фокусирање на оние гафови на членови од публика и истите се изедначуваат со гафовите на самата кандидатка Сиљановска, при што таа се брани дека има право на гафови, но фановите на Стево немале право на гафови и тоа било вина на Заев и Стево, лошо ги воспитале?!?!?!

Во исто време се прави една тешка психичка тортура и драма кон сите оние кои ќе се дрзнат да го пофалат Заев и го споредат со некој голем политичар од регионот и светот, тоа се смета за најдолно полтронство, бесрамно улижување, глупост невидена, забеганост, се плаши народот со некаков нов диктатор Заев, иако човекот сосема заслужено е предложен и за нобелова награда, претпоставувам и тие му се лижат и забегуваат за Муртинецот, сељакот кој нема штоф за голем лидер и државник?!?!

2. Втората ПР операција е свртена кон ВМРО ДПМНЕ каде се избегнува напад кон лидерите на опозицијата и нејзините првенци, се брани Сиљановска од нефер напади и нејзините гафови се зашеќеруваат со тези епа на секој му се случува, тоа нема да одлучи на крај во кампањата итн (теза на Геро во една колумна).  Во исто време кога се виде дека оваа гарнитура на ВМРО ДПМНЕ нема намера да се сериозно деситанцира од поранешното ВМРО ДПМНЕ, овие структури кои му се одмаздуваат на Заев се решија за една СТРАХОТНА операција - фатија да ни го ретушираат Груевизмот пред наши очи без никаков срам?!?!

Во оваа операција се користат разни техники, па се плука по СЈО со што се омаловажуваат судските процеси против поранешните функционери и истите се означуваат за политички жртви на преки суд?!?! (цитат од колумна на Геро)

Во исто време се масакрираат сите оние кои ќе се дрзнат од оваа дистанца да се навраќаат на последиците од злото наречено ГРУЕВИЗАМ и разни анализи за тоа дали некои самоубиства се поврзани со срамот и чувството на вина што некој дозволил да биде дел од тој режим или пак дозволил да биде злоупотребен од тој режим?!?!

Тие анализи се прогласуваат за бесрамни и подли и злобни и тотално скарани со реалноста?!?!?! (цитат во колумна на Геро).

Небаре режимот на Грујо беше сосема нормална власт и да те гриже совест и срам до ниво до депресија што си учествувал во таков режим е незамисливо?!?!

За овие кучиња АНТИ-ЗАЕВИСТИ не е воопшто битно тоа што тие анализи се последица на обавени разговори со блиски соранотници и пријателки на починатата Биљана Беличанец кои сведочат за Мактел дека таа откако почнале да пукаат бомбите на Заев се сменила како личност, се исплашила и вознемирила дека не знаела за тоа лице на ВМРО ДПМНЕ и потоа откако се откажала од политиката имала едно чувство на срамна етикета дека била дел од една мафијашка диктатура...

 

Бидете внимателни и следете ја оваа страшна ПР операција која се случува пред вашите очи. Кој знае што ќе произлезе од сета оваа хајка и валкана кампања која за има цел рушење на оваа влада и поставување на власт на Мицковски по секоја цена, кој знае што им е ветено на овие луѓе, можеби конечно ќе им се оствари сонот да бидат БОГ И БАТИНА во македонската политика, фрустрација поради која се спремни да го вратат и РЕТУШИРАНИОТ ГРУЕВИЗАМ на власт против кој се бореа и самите една декада?!?!

До таму ли е значи отидена работата?!?!

 

Инаку по својата поставеност, овој ПР пристап на овие луѓе не се многу разликува од ПР пристапот на НЕУТРАЛЦИТЕ за време на Груевизмот, луѓе попут Трендо, Ванковска, Сиљановска, Бетмен итн за кои сега видовме со свои очи дека одработувале за режимот. И тие 10 години се користеа со вакви техники, само обратно. Они тогаш ги премолчуваа ЗЛОСТОРИТЕ и истите ги ублажуваа, ги ловеа грешките на опозицијата и за нив хистеришеа до бесвест.

Овие АНТИ-ЗАЕВИСТИ сега ги премолчуваат успесите на владата, хистеришат за грешките, ги премолчуваат гафовите на опозицијата и го ретуршираат Груевизмот преку плукање по СЈО и плукање по сите кои ќе се дрзнат да направат анализи за последиците од тој Груевизам врз менталното здравје на нацијата и поединци.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија