Ромите се жртви на расизмот на Македонците но и на својата трагична традиција на ужасно лошо родителство!

Објавено на 09.04.2019 во 20:13:51 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Има нешто навистина страшно кај Ромите, што многу ужаснува.

Кога ќе видам дрогирано детенце во рацете на жена која пита на семафор или на некој мост или на плоштад, те обзема еден ужас.

Ем ти е жал и за двајцата. Ем си бесен дека знаеш дека таа жена го измачува тоа дете на студ или на 45 степена во лето.

Ем си свесен дека таа жена е во таква ситуација затоа што некој и неа така ја носел на 45 степена издрогирана...

Па ппочнуваш да се измачуваш, ако не им дадеш пари си злобен и себичен, ако им дадеш, со тоа само ги охрабруваш уште повеќе да го дрогираат и мачат тоа дете во рацете...

Ужасни родители се голем дел од Ромите. Немаат осет за тоа колку деца треба да се родат иако знаат дека не повеќето не можат да се грижат за ниту едно, сепак раѓаат и раѓаат деца...

Жените па и мажите стапуваат во брак на многу мала возраст кога се без образование без капитал без кариера без работно искуство...

Сето тоа раѓа нови и нови социјални случаи, нови луѓе кои тешко ќе заработат за опстанок.

Како се дошло до овде и како ова да се реши?

Несомено и ние Македонците сме расисти. Никој нема храброст да се омажи или ожени за лице од ромска националност, па тие се како едно гето во земјава.

Сеуште е срамота да донесеш дома ромка или ром за зет или снаа.

Сеуште е срамота да вработиш и келнер, кувар Ром, народот се гади од нив.

Зошто ретко гледаме Роми на шалтери во банките, во институциите, во продавници низ градот, освен во Шутка секако...

Ова е тежок проблем кој ќе се реши само со пробивање на бариерите кои се продукт на стереотипите, стравот од другите, гетоизирањето на земјава каде сите живеат во своите гета, Македонци, Албанци, Роми...

Мора да се едуцираат Ромите за одговорно родителство, мора да биде срамота и да се биде осуден од околината ако раѓаш деца а не можеш да ги прехраниш.

Дел од Ромите како да немаат жал за гладните и боси деца, тоа како да го сфатиле како судбина, како неминовност, како нешто најнормално...

Личната одговорност никаде ја нема, секогаш е крива државата.

Државата, кога сме кај неа, мора да се вмеша и да почне силна сексуална едукација, силна персонална, животна едукација во Ромските средини, мора да почне да им се наложува на Ромите дека мора прво да застанеш на нозе да обезбедиш работа куќа стан плата па потоа полека едно до максимум две деца и тоа на 30 години и над тоа, до тогаш апстиненција од секс или само посета на порно сајтови, не може удри брате прај множи се па кој ќе ги чува господ знае...

Зошто опаѓа наталитетот кај нас Македонците? Да дел е поради мрза и себичност, но дел е и поради човечка одговорност, свесен си дека тоа дете или деца што ќе ги направиш ќе се мачат во животот кога знаеш дека не можеш да им обезбедиш нормален живот.

Зошто Ромите го немаат ова на ум, зошто за ова не се свесни, каде е проблемот, повеќето ли се злобни, неодговорни, без осет?!

Треба ли државата да се вмеша и да забрани некој да може да има деца после 1-2 деца како што е тоа во Кина ако нема услови да чува нови деца?

Ако социјалните служби одземат едно дете повеќе да немаш право да имаш нови деца во спротивно да одиш во затвор?

Каде е лекот за овие проблеми, или и понатаму ќе бидеме лицемери и ќе глумиме лудило демек ете се грижиме за Ромите а уствари никој не му е гајле за нив?

Не ми се верува дека како деца израснавме пред 30 години со тв сериите ТРСТ ВИА СКОПЈЕ и Белото Циганче, и од тогаш до ден денеска речиси ништо се нема променето кај Ромите.

Уште има беда, трагедија, сиромаштија, хаос, една невидена ужасна приказна која се одвива пред нашите очи.

Веројатно тука проблем има и една песимистичка перспектива во животот, не знам за што сонуваат младите Роми, дали имаа грандиозни соништа како нас или повеќето имаат една бледа песимистичка слика и помиреност со фактот дека најверојанто ќе живеат еден сиромашен живот па не се ни обидуваат да сонуваат да градат кариери да се борат да гризат...

Можеби и како израснати во средини на тешка беда и лошо родителство тие можеби и не поседуваат вештини, работна навика, дисциплина итн итн...

Ова е речиси нерешлив проблем ако го гледаш од една колумна, но ако се почне за неколку децении можеби и ќе може да се ублажи и доведе во некакви рамки каде нема да ја има таа трагичност и таа епска катастрофичност што ја има сега Ромската заедница.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија