ВНИМАВАЈТЕ: ВАЛКАНАТА ПР ЗАВЕРА ПРОТИВ ЗАЕВ Е ВО ПОЛН ЕК, СЕГА НА РЕД ДОЈДЕ РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ГРУЈОВИТЕ КУРТОНИ!

Објавено на 10.04.2019 во 20:06:53 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ве предупредив пред некој ден дека дел од разочараните борци против екс режимот кои не го добија посакуваниот колач од новата власт, не им се остварија соништата дека ќе бидат ГЛАВНИ СТРАТЕЗИ, ГЛАВНИ КОРМИЛАРИ на новата власт, сега работат на една валкана ПР завера против власта на СДСМ и ДУИ.

Тие кои не ја прочитале таа колумна во која детално ја опиштав таа валкана ПР завера, еве линк.

Во неа велам дека овие незадоволни багабонти се решени на очајни потези само да му се одмаздат на Заев поради своите лични разочарувања и неостварени соништа.

Па одат до таму што плукаат по СЈО и го РЕТУШИРААТ режимот на Груевски, кој уствари и не бил така лош?!?!

Во исто време се МАСАКРИРААТ сите што ќе се дрзнат да го пофалат Заев, ја плашат јавноста дека тоа било знак за нов диктатор и за нови куртони.

 

Сега на ред дојде нова фаза, нова етапа од тој валкан ПР ДЕСАНТ против Заев. На ред дојде фазата наречена РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ГРУЈОВИТЕ КУРТОНИ!!!

 

Во исто време со РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА на Грујовите куртони, се масакрираат редица ГОЛЕМИ БОРЦИ против режимот, се нарекуваат психопати, лудаци, мрднати итн...

Со ова се прави двоен удар против Заев. Повторно се враќаат Грујовите кучиња во политичката арена, овој пат ВАКЦИНИРАНИ И ОЧИСТЕНИ ОД БУВИ И КРЛЕЖИ, а се рануваат, осакатуваат, оневозможуваат докажани борци за слобода и правда за да не можат да се борат против ВМРО ДПМНЕ кое одбива да се откаже од Груевизмот.

Веќе се избркани Тричко и Боки Бургија од весникот Слободен Печат, а овие денови Геро води брутална црна кампања против нив.

Црната кампања против мене е веќе во поодмината фаза, за Геро јас сум новинарска сатана, а типови како Јанко Бурек се сосема ок новинари и тв водители?!?!

Да ве потсетам дека Геро е главен ПРОМОТОР на Канал 5 телевизија како сериозна респектабилна телевизија?!?!?!?!!?

Како колумнисти на неговиот Плусинфо се јавуваат еден Ристо Никовски?!?! Сопругата на Жидас Даскаловски?!?!

Што е следно?! Дали ќе го видиме Геро и кај Миленко? Кај лудакот Васко Ефтов?!?! Зарем до таму ќе отиде АЛЦХАЈМЕРОТ?!

Ова е многу интересна етапа во ПР планот да се сриши владата на Заев. Ќе излезе дека режимот на Грујо и не бил толку страшен, само малце стратешки забеган, но во основа сосема ок?!?!

Немало тежок криминал, СЈО процесите биле прогон на ПРЕКИ СУД?!?!

Заев и неговите не биле кадарни, немале штоф за сериозни реформи?!?!

 

Сега останува да видиме кој ќе биде следниот потег, следната фаза на оваа АНТИ-ЗАЕВИСТИЧКА болумента.

Дали ќе фатат да хистеризираат дека изборите биле нефер и со тоа ќе му помагаат на ВМРО ДПМНЕ во бојкотот на изборите во вториот круг?!?!

Што ли само планира оваа банда ранета која не бира средства и оди на СЕ ИЛИ НИШТО, решени се дури и себеси да се уништат новинарски, аналитички, интелектуално, политички само да му нанесат пораз на Заев кој се дрзна да не ги смета за СВОИ ГЛАВНИ СОВЕТНИЦИ И СТРАТЕЗИ?!?!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија