Неколку месеци по немилата семејна драма, сакам да искажам голема благодарност до полицајците, социјалните работници, вработените во семеен центар ХЕРА, судиите кои се надлежни за семејно насилство...

Објавено на 10.04.2019 во 22:02:16 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Сите ние имаме недоверба кон државата, кон бирократијата...

Кога треба да платиме данок, неволно го правиме тоа, мислиме дека тие пари ги фрламе во бунар без дно...

Но мојата лична семејна драма ми покажа дека сепак ние имаме колку толку организирана држава и бирократи кои чесно си го заработуваат лебот, им помагаат на луѓето.

Сега кога ќе се вратам наназад, можам да видам дузина полицајци, инспектори, социјални работници, психолози во семеен центар ХЕРА, судии кои се надлежни за семејно насилство итн кои беа навистина на висината на задачата и ни пружија голема помош без која немаше да може пак да застанеме на нозе.

Кога велам помош, не мислам тука на некакво протекциско попуштање, туку реално по закон однос како кон секој човек на оваа земја, според она што го следува според постапките што ги направил.

По подолго време почувствував дека некој се грижи за мене како за човек од ова општество, му се помага да ги увиди грешките но и своите права и одговорности, но и да му се помогне како во иднина да се снајде подобро во улогата на родител и сопруг...

Многу пофални зборови и за семеен центар ХЕРА каде се грижат за ваквите случаи како нашиот да ги добиеме сите информации, совети, вештини како во иднина такво нешто да не се случи, како да бидеме подобри родители и брачни партнери.

Ако нешто е добро од сето ова што ми се случи, е што веќе не ми е толку мака кога плаќам данок, сепак платите кои се даваат на вработените во државниот апарат не се залудни.

Никогаш не можеш да знаеш кога ќе се лизнеш и ќе паднеш и државата како организирана хумана заедница ќе треба да ти излезе во пресрет и да ти помогне пак да застанеш на нозе.

Апелирам до сите вас да плаќате даноци, верувајте ми дека помагате да се изгради една безбедна мрежа која ќе ве фати и исфрли пак нагоре кога ќе се лизнете и ќе почнете да паѓате кон мрачното дно...

Колку и да сум либерал и да се залагам за капиталистичко општество, сепак животот ми удри така неколку силни боксови со што малце ме замисли дека можеби не е лошо и да имаме донекаде социјална држава која ќе се грижи за сите оние кои ќе паднат на колена, а животот знае многу лесно да те исфрли од колосек, малку треба да си баксуз, тешко е да успееш, а за неуспех е доволно мало невнимание и малку малер да те затера...

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија