ДАЛИ ЈА ПРИМЕТУВАТЕ СПЕЦИЈАЛНТА МЕДИСКА ВОЈНА: Настапот на Геро кај Јанко Бурек беше медиска бомбардировка, подготовка на терен за аболицијата од Хорхе Фикус Валандовски која е планирана за следните неколку денови!

Објавено на 11.04.2019 во 19:23:49 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Во моментов не е проблем како да се убедат гласачите и симпатизери и членови на ВМРО ДПМНЕ дека треба Хорхе пред заминување да подели уште една амнестија.

Проблемот е како да ги убедиш симпатизерите на СДСМ и владејачката коалиција дека такво нешто е потребно.

Затоа вчера Геро беше кај Јанко Бурек и врескаше како СЈО правело политички линч против ВМРОВЦИТЕ.

Ако се сеќавате, тој негодуваше и за казните за 27-ми април. наводно биле драконски?!

Проектот е преку неговото големо влијание како еден од главните борци против режимот на ВМРО ДПМНЕ да се внесе забуна и хаос во редовите на СДСМ и Шарена Револуција.

Да се направи еден смут, збунка, еден вид на медиска бомбардировка, како подготвување на терен за амнестијата која треба да уследи овие денови од Хорхе со која тој пред одење би направил една огромна амнестија и аболиција за сите судски процеси и оние на СЈО и оние за 27-ми април.

Кој знае што има Геро добиено како ветување па дури и како подарок за да вака епски одработи за мафијата против правдата.

Ова несомено значи едно бесрамно валкање на една голема новинарска кариера.

Токму затоа и тоа што го добил за возврат мора да е многу големо и грандиозно. Или до толку е Геро лудак што за пусти инат против Заев е спремен вака да се САМОРАЗНЕСУВА како џихадист на ИСИС!

Амнестијата и аболицијата биле планирани по двата круга за да не влијае на изборниот резултат на Сиљановска, но додека сеуште Хорхе има сеуште претседателски ингеренции.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија