СМЕШНА Е ТЕЗАТА СО КОЈА ПОЛИТИЧКИ И МЕДИСКИ КОПИЛИЊА БАРААТ УКИНУВАЊЕ НА СЈО!!!

Објавено на 12.04.2019 во 17:19:56 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Овие копилињата кои се борат за укинување на СЈО уствари ни се продаваат како големи борци за правда?!?!

И пазете, комичната трагична теза со која се обидуваат да не збунат е дека уствари СЈО не било вистинска реформа на судството, па затоа и треба да се укине, и да се оди на темелна коренита здрава реформа на целиот судско-обвинителен систем во земјава.

Оваа теза ако не ја добро начекате може да ве бутне грбечки, значи ако ја потцените, ако добро не се сконцентрирате и фатите за нешто, може баш добро да ве турне на земја и да ве испружи.

Затоа и толку дебело се платени овие гадови, затоа што тоа им е работа и специјализација, добро да ве збунат и изманипулираат.

Ама ако за момент се соземете од првиот шок, и фатите таа теза да ја соџвакување, ќе сфатите дека у суштина таа теза е смешна.

Тоа е како да почнете да градите куќа и секако ќе почнете од некаде, обично од темелот нели и идете нагоре, и замислете некој да дојде и да ви каже, ааа неее, темелот куќа не прави, целата куќа треба да се прави НАЕДНАШ, или СЕ ИЛИ НИШТО, РУШИ!!!

Како бе руши?!?! Па нели треба полека, од доле нагоре и на крај ќе имаш се, но мора прво да се стават на обвинителна клупа сите криминалци мафијаши, да се исчисти државата од плевелот за да после се тераат и останати реформи.

Замислете после 4 години тешка битка за СЈО сега да го фрлиме на буниште само затоа што сме сакале целосна реформа а СЈО сме го сметале за некаква замена за таа реформа?!

Па зошто тогаш се преговара за СЈО?! Зошто не се преговара за останатото што не чини во судскиот систем, зошто се фаќаме за единственото нешто што е добро и тоа сакаме да го уништиме?!?!

Тоа е како да си на ТИТАНИК, гледаш бродот тоне и фатиш да пукаш во сите чамци за спасување?!?!? НАМЕСТО ДА ГИ ЧУВАШ КАКО ОКО ВО ГЛАВА?!?!

СЈО е нашиот чамец за спасување, СЈО е малото бродче на кое живее правдата сеуште во земјава, и мораме да се трудиме целиот останат систем да се СПЕЦИЈАЛИЗИРА, да се крене, а не единственото нешто добро да го запалиме и потопиме!!!

КУРВИНСКА, МАФИЈАШКА, ПОДЛА, ЗЛОБНА, ГАДНА е тезата дека СЈО е пречка за судските реформи во земјава!

СЈО е зачетокот, вирусот на судските реформи, СЈО е поточето кое треба да стане големо цунами кое треба да го однесе сваровски судството и зврле обвинителството во шахтите НЕ ДЕСИЛО СЕ НИКАД ОПЕТ минатото!!!

Сите овие копилиња кои сега ве убедуваат дека со тоа што се борат против СЈО се борат за правда, тие гадови се нова верзија на оние надри лекари кои ги убедувале пациентите да ги баталат лековите и да почнат да пијат масло од семки од кајсија кое содржи ЦИЈАНИД и убива!!!

Тоа се тие гадови, сакаат да ве убијат преправајќи се во лажни лекари кои ви мислат арно! А сакаат да ве опљачкаат и да ве умрат!

Така и овие нашти СЈО ХЕЈТЕРИ, сакаат да ја умрат земјата и да го остават бројчаникот на Заев на НУЛА ама се преставуваат лажно како големи правци за ВИСТИНСКА правда?!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија