ОРДАНОВСКИ: Одлука со која се прогласува Најлошиот Кандидатски Спот за Изборната Сезона 2019!

Објавено на 18.04.2019 во 12:35:40 часот | Македонија

Oвластен сум да соопштам дека официјалната Жири-комисија на Дебармаалските ручеци на поезијата, после неколкудневно предизборно самопрегорно и мошне посветено заседавање по џезмиња и софри, со поддршка на разни скараџиски марифетлуци, шпиритуални напитоци и експертски совети од соседните алкохолисти, едногласно (од оние кои беа во состојба да гласаат) донесе Одлука со која се прогласува Најлошиот Кандидатски Спот за Изборната Сезона 2019!

Честа да се закити со ова традиционално високоалкохолизирано признание во првата година од доделувањето ѝ припадна на Опозицијата, со спотот „Таа е нашата правда! Таа е Македонија!“.

Високите естетски промашувања на овој спот се подеднакво содржани како во визуелниот, така и во текстуалниот израз на авторите, кои не штеделе труд и талент да го пренесат на публиката својот ужасно патетичен соц-реалистички и нац-социјалистички поглед на Татковината, која ги повикува.

Таа, Македонија, сликовито е претставена низ сензуалните облини на една челично нашминкана госпоѓица која неодоливо личи на Круела де Вил, со изразито провокативен црвен кармин и со сексипилно распуштени долги коси, во распафтан пурпурен вечерен фустан, која, со пркосен поглед во иднината, боса и со развеани скутови околу јадрите голи нозе, театрално се движи низ рамнините и височините на Татковината, повремено јавајќи едно лесно оседлано, цврсто стиснато меѓу расните ѝ бедра, бело планинско ушлесто коњче од сортата крадам-дрва-за-огрев-кога-не-снимам-спотови.

Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја тука

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет