Заев: Ви ветувам, ќе победиме со 100 илјади гласови разлика во втор круг

Објавено на 22.04.2019 во 23:04:54 часот | Македонија

Премиерот Зоран Заев на вечерашната трибина во општина Карпош порача дека нивниот кандидатат Стево Пендаровски во вториот круг на претседателските избори ќе победи со 100 илјади гласови разлика.

-Ве гледам по лицата нешто тнко е. Тенко е заради резултатот, затоа што очекувавме повеќе. Вие сте мојата душичка, мојот народ, и логично е да има вакво чувство. Но, треба да биде задоволни затоа што знаеме дека очекувавме повеќе гласови, но добро е победивме. Јас сум најинформираниот човек, ако вие не знаете, Заев знае: ќе победиме едно 100 илјади гласови разлика во втор круг и затоа враќајте ги насмевките. Сега заслужуваме да победиме, а ќе дојде време и кога ќе губиме и за тоа ќе бидеме спремни, рече Заев.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет