ПРЕМИЕРЕ, НЕ СМЕЕШ ДА ДОЗВОЛИШ ДА СЕ ВРАТАТ ГРУЕВЦИ НА ВЛАСТ, ПА МАКАР САМИОТ СТАНАЛ НЕКАКОВ ПРОЗАПАДЕН АВТОКРАТ!

Објавено на 23.04.2019 во 16:34:32 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Не смееме по никоја цена да му дозволиме на ова ВМРО ДПМНЕ, вакво, нереформирано, верно на Грујо, верно на мафијата, националистичко, во суштина анти-западно скарано со демократијата и медиумите и честа и срамот, крволочно, бездушно, терористичко, да се врати на власт!

ПО НИКОЈА ЦЕНА!!!

Тоа ќе значи сосема веројатно нов конфликт како во 2001-ва, нов иселенички егзодус, нова економска криза, нова пропаст за земјава.

Ќе има нови кланици како 27-ми април, ќе има нови затворени медиуми и затворени и казнети и отпуштени и претепани новинари...

Нови КОСМОСИ ќе летаат во воздух со динамит, ќе се полнат затворите со нови политички затвореници.

Ќе имаме нова сурова диктатура, нови црни пропаганди, нови местења на избори итн...

Заев тоа не смее да го дозволи, тоа ќе биде сигурен крај за Македонија!

Тој има право дури и да стане некаков прозападен автократ, малце да ги стегне узенгиите на кочијата, малце да воведе ред во својата партиска база, да се задолжи ако треба уште една милијарда евра и да ја лупне во локални проекти, да ја зголеми државната администрација за уште 50 000 народ, повеќето да одат во некакви еколошки бригади, во здравството, во градинките, во школите итн, но НИКАКО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИЗГУБИ ВЛАСТА!!!

Да му дадеш власт на ова ВМРО ДПМНЕ со Мицко, Јанушев, Влатче, Коце и слична банда Груевистичка, и онаа излапена бабетинка, па тоа е како да влезеш во кафез на горила и да му дадеш калашников наполнет и откочен.

Се знае како ќе заврши таа работа.

ОВА ВМРО ДПМНЕ, ВАКВО ВЕРНО НА ГРУЕВСКИ, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ, ПИ НИКОЈА ЦЕНА, ОВА Е ПРАШАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ, РЕГИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ!!!

Ова не е прашање дали Мујо и Кире не биле вработени во Свирипичино или патчето уште не било напраено, овде се работи за есенцијални стратешки безбедносни историски цивилизациски интереси!!!

Ти премиере проба со арно со убаво. Влечеш сериозни историски државнички потези, демократа си, секој збори што сака, не бркаш од работа никого, не вработуваш партиски војници, штедиш пари, намалуваш долг, намалуваш администрација, правиш реформи, не се мешаш во судство, унапредуваш права на малцинства, ставаш Албанец спикер на собрание, воведуваш двојазичност, работиш на едно општество за сите...

Го цени ли тоа некој премиере?! МА ЈОК, НИКОЈ НЕ ДАВА ДВЕ ПАРИ ЗА ТОА!!!

Нити базата нити неутралците, ни Албанците, никој бре брате мили, на сите ич не им чуе!

Затоа премиере, врти нов лист, заеби ти овие ОБАМА филмови на балканот, дај биди малце Орбан, Ердоган, Мило Џуканович ама прозападен. 

Овој народ само на тоа се пали, све друго е пичкин дим за овој народ!

Кој е крив за ова? Па секако, 12 години Груевизам. Тој го воведе ПОЛИТИЧКИОТ МОНЕТИЗАМ, нема идеологија, нема принципи, нема визија, нема национални интереси, има само лични интереси, дали ќе му дадеш работа или пари или асфалт до пред куќа без да плати комуналии додека куќата му е дивоградба.

Нема тука ама чек колку сме задолжени, чек колку има администрација, чек колку се даноците, колку е дупката у буџетот, дупката во фонд за пензиско, дупката во фонд за здравствено?

Го боли тасе нив за тие ебени дупки премиере. И ако може сето тоа додека се води инат и со Албанците и со цел регион и со цел свет.

Од каде пари? Па се знае, од гробо на Александар, ќе ги продадеме тоа коските и златото што ќе го ископаме во саркофагот на ацета.

И од Алшар се разбира, во Алшар има смеса на нафта, злато, дијаманти, сребро, бакар и самарагди кои искачаат преку една цефка самите без да се загади природата.

Иначе не смее да има нити рудници, нити згради во градовите, нити хидроцентрали ќе изумреле тамо некои чавки и диви мачки, ништо од тоа.

Само автопати и сите да земаат над 500е без никој ништо да работи. Тоа е идеалот. Па сега ти мисли му ја премиере, од кај ќе најдеш пари за тоа!

Слушам овие денови анегдоти како во базата на СДСМ сите сакале да бидат директори. Не сакале да земат грантови за свој бизнис нити пак да аплицираат за работа во новите странски инвестиции. Сите сакале да работат на државно за плата над 500е и по можност да не идат на работа.

Изговорот им бил, па ние нашето до одработивме, го срушивме ВМРО, трчавме по митинзи и маршеви и кампувавме пред влада.

Замислете кое е ова лудило, нема тука имаш ли диплома, образование, вештини, искуство, сите сакале да бидат шефови, цела база на СДСМ, затоа сега едно 100 000 одбија да излезат на гласање.

Епа ако ова не е проблем, не знам што е.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија