ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА КАРПОШ ПОЧНАА ДА ЈА ЧИСТАТ ДЕПОНИЈАТА КАЈ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ЌЕ СТАНЕ ПАРК

Објавено на 23.04.2019 во 20:55:23 часот | Македонија

ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА КАРПОШ ПОЧНАА ДА ЈА ЧИСТАТ ДЕПОНИЈАТА КАЈ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ЌЕ СТАНЕ ПАРК

Откако просторот ќе биде расчистен влезовите ќе бидат заградени за да се спречи понатамошно фрлање ѓубре на оваа локација. (Фото: Град Скопје)

Општина Карпош и Град Скопје почнаа да ја чистат дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“ која пред три недели беше запалена. На терен покрај механизација од Општината, Градот и јавните претпријатија, ангажирани се и камиони од приватни фирми, кои се одзвале на повикот за помош за расчистување на ѓубрето кое се фрлало со години.

Градоначалникот Петре Шилегов најави дека по расчистувањето на просторот на оваа локација ќе се подигне парк од 90.000 метри квадратни кој ќе биде продолжение на Градскиот парк.

„Овој парк е лоциран во делот од градот кој е уреден со регулацискиот план за градската четврт „З 04“ кој беше усвоен минатата година од Советот на Град Скопје. Согласно со потребите на граѓаните, со регулацискиот план предвидените 4,03 хектари површина за парковско и заштитно зеленило во оваа четврт, се зголемени на 11,51 хектар. Просторот за домување кој е предвиден во ГУП на Град Скопје за оваа градска четврт со вкупна површина од 10,97 хектари со овој регулациски план е намален на 3,13 хектари. Во планот се предвидени 3,36 хектари за инфраструктура, како и 6,34 хектари за секундарни улици. За прв пат е додадена и можност за основно училиште и градинка“, рече Шилегов.

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев рече дека ѓубрето и шутот кој се собира од депонијата со камиони се носи на депонијата „Дрисла“. Откако просторот ќе биде расчистен влезовите ќе бидат заградени за да се спречи понатамошно фрлање ѓубре на оваа локација.

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет