ДРЖИ СЕ КИРАЦ, ТИ СИ ГОЛЕМ БОРЕЦ: Самиот факт дека целата фамилија на Кирацовски била без работа зборува многу за што поминаа првенците на СДСМ во 10 години суров ВМРОВСКИ режим!!!

Објавено на 25.04.2019 во 13:37:15 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Замислете без работа во фамилијата на Кирацовски биле неговиот дедо, неговата баба, неговата сестра а и самиот тој кој беше на улиците 10 години!

И пак не се предал, не бил дел од ГРОМ, од СДУ, Позитивна Алијанса или разни други предавства на левицата за време на режимот.

Напротив, Кирац се бореше до смрт до крај против злото!!!

Можете ли да замислите кој е тој терор на режимот за кој првенците на СДСМ и отпорот беа ставени на црна листа и за нив не смееше да има работа нити на државно нити на приватно цела една декада!

Па тоа го слушавме и во бомбите, за нив не само што немаше леб во земјава туку имаше и затвори, тепање, црна пропаганда, хајки...

И сега кога се ослободивме, луѓето можат слободно да аплицираат и да си го бараат чарето за поштено да си го заработат лебот, ние сега креваме хајка и урламе до бесвест?!

Кирацовски е голем фајтер, голем борец, крт на СДСМ кој ја ора земјава надуж и попреко за да се бори против злото наречено ВМРО ДПМНЕ и Груевизам.

Знам колку мене ми има помогнато додека бевме дел од отпорот.

Човекот знае што е мака што е борба што е храброст што е жртва.

Кирац ја има целосно мојата поддршка, луѓе сме, некогаш ќе погрешиме, но генерално за овој човек имам највисоко мислење и треба малце да имаме разбирање за нашите херои кои беа во првите редови и најмногу крвавеа додека се боревме со злото!

Држи се Кирац, кога ќе згрешиш корегирај се, бори се, има уште битки пред нас!

п.с Јас бев голем противник на непотизмот кај новата власт кога високи функционери си ги вработуваа синчињата и ќерките, тоа многу ме погоди и го сметам за голема неправда. Но овде кај Кирац збориме за ИСПРАВАЊЕ на неправда, не си ги вработува он своите деца кои се уште малечки по 5-10 години, он исправа една неправда на своите блиски роднини кои биле казнети затоа што се блиски на Кирац, големиот борец за слобода и правда, четврти човек во СДСМ после Зоки, Рада и Спасовски!!!

Тие луѓе сега се по втор пат казнети затоа што се роднини на Кирацовски. Но таков е животот, таква е демократијата, и верувам дека сепак овие луѓе ќе се изборат за своја егзистенција.

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија