ПРИКЛУЧИ СЕ И ТИ: Фановите тргнаа во битката за спас на РК Вардар откако Самсоненко најави повлекување од финансирање на клубот!

Објавено на 29.04.2019 во 11:43:13 часот | Спорт

На социјалната мрежа фејсбук се појави фејсбук страница со име Иницијатива за спас на РК Вардар. Групата ги зголемува лајковите со неверојатна брзина а фановите даваат се поголема поддршка.

Е па така, кога институциите си молчат и се прават слепи и глуви, фановите на клубот, но и обичните ракометни навивачи тргнаа во офанзива, во битка за спас на нашата ракометна светост, нашиот најголем спортски бренд и екс европски шампион.

Познато е се што се случуваше и случува со клубот, но фановите не сакаат да останат без ГОЛЕМ РК ВАРДАР, па затоа презедоа иницијатива за спас на клубот. Се предлагаат повеќе начини како да се помогне, се бараат информации за жиро сметки, се сака да се уплати за клубот. Во овој момент како што велат најважно е ФБ страната да се рашири што побрзо и повеќе. Се повикуваат Комитите но и сите оние ракометни фанови да помогнат. Се бара вистинските фанови на РК Вардар во овие моменти да се прикакажат во вистинско светло.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Спорт

Македонија