Пендаровски: Ако немам слаби точки не би се викал Стево Пендаровски, туку Супермен

Објавено на 29.04.2019 во 13:40:05 часот | Македонија

Во моментов најважно е да имаме кристално чист, демократски, фер и транспарентен избор на претседател на државата. Поинаку не можеме да добиеме датум за преговори со Европската Унија, вели Стево Пендаровски, кандидатот за шеф на државата поддржан од СДСМ и коалицијата во интервју за МИА.

Кои два адута како личност ги сметате кај Вас, како најсилни за победа, а кои две особини ги сметате како најслаби?

Ова е прашање на кое речиси никогаш не одговарам, затоа што во првиот дел треба да се фалам или кога ме фалат од страна ми доаѓа непријатно. Во вториот дел треба да кажам дека немам слаби точки, во таа ситуација не би се викал Стево Пендаровски, туку Супермен. Ако можам да издвојам некоја особина, која можеби е мана во политиката, тоа е мојата толерантност, не само во дебатите, туку и генерално во настапот на политичката сцена и јазикот, кој според мене е примерен за една европска политичка култура, не на балканштината која ја имаме во огромни количини, истакна Пендаровски.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет