ТРИЧКО: На 27 април 2017 година, во Собранието на Република Македонија, се случи драматичната средба меѓу Македонија и нејзината негација, опредметена во злосторничкиот потфат на вмро-дпмне!

Објавено на 29.04.2019 во 15:00:30 часот | Македонија

Тоа беше очајнички обид Македонија да се врати во својата преддржавна и преднационална форма и тој обид наиде на величествен отпор на поединци и структури, но најмногу од се на разбудената свест за спас на државата, на државотворната, граѓанска и национална самосвест, што злосторниците ги беа потцениле во услови на комплетната окупација што ја беа извршиле. 

Разорната концептуализација на вистинскиот мит со лажна содржина, значи тој за вмро, падна пред материјално слабо вооружените, но идејно моќни сили на државниот, национален и граѓански непокор. 

Сега се соочуваме со вториот чин на таа драма. Претседателските избори не се никаков политички натпревар, туку се обид да се репризира крвавиот пуч во Собранието, со злосторнички континуум, односно со нов упад, овој пат во претседателската резиденција.

Победниците од 27 април беа меки, благи, фини и по тоаа линија неодговорни. Неодговорни или недоволно одговорни се и денеска кога со злото дебатираат како некое девојче со својата барбика, љубезно, фино, со внимание куклата да не се гребне... 
Тоа е голем грев. 

Македонија не смее да си го дозволи тој луксуз, да им се мести како цел во оптичките нишани на снајперистите на злосторничката инсталација на вмро-дпмне. Башка што од Силјановска Барбика не бидува па тамам јас да се сторам пластичен хирург и генетски инженер!

27 април треба да се прогласи за Ден од нулта категорија за Северна Македонија. И да се одбележува со највисоки почести. А не како годинава. Велигден му ја лапна славата, што би се рекло.

Треба да се воведе награда 27 април. Орден 27 април со крвави дамки. Што ќе му се додели, да речеме, на Бејли, како прв носител и како прв акт што ќе го стори новиот претседател Пендаровски. Може да му го додели и на Заев, но кој после ќе слуша дебати и муабети за судирот на интереси.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет