Пет години забрана за влез во Македонија за лицето кое постави албанско знаме во Охрид

Објавено на 30.04.2019 во 11:24:39 часот | Македонија

Пет години забрана за влез во Македонија и парична казна изрече судот за едно од раководните лица на фолклорната играорна група од Косово која попладнево го постави знамето на Албанија на Самуиловата тврдина во Охрид.

Санкцијата е изречена откако во станица беа повикани раководните лица на фолклорниот ансамбл и со нив разговор изврши јавен обвинител од Охридското обвинителство.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет