Ја гледам Сиљаница на дебативе , го гледам Влатче на ТВ 24 и си мислам во себе: ВМРО-вците се чудна сорта, овие 12 години тие не престануваат да ме фасцинираат со својата брутална глупоќа и дрскост и немање на срам и немање на лимит до каде може да им оди злобата и забеганоста...

Објавено на 03.05.2019 во 14:19:11 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Чудна сорта се ова ВМРО-вците...

И кога се фатени со спуштени гаќи, усрани од петици до глава, они не се засрамуваат, не застануваат, не се колебаат, не замолчуваат, туку одат во контра напад, така усрани, усмрдени, голи...

Тричко е во право кога вели дека ние 30 години го нормализираме ЗЛОТО со тоа шго ги земаме Вмровците за сериозна партија.

Ова особено важи последниве неколку години и месеци.

Сиљановска на пример мене ми е особено одвратна жена како тече кампањата кон крајот се помалку можам да ја гледам и слушам. Има нешто особено злобно и расипано во оваа жена.

Не можам да разберам и сварам како само има дрскост дури и да оди во контра напад и буртално да го плука Пендаровски во лице и да го нарекува полтрон и фикус, а жената реално треба да се извини што постои како таква во моментов во овој контекст, да се извини за своето минато, да побара прошка, да моли за разбирање за тоа што правела и тоа што прави во моментов...

Таа во моментов е ЕПСКИ на спротивната страна на историјата, таа сега е НАЦИСТ во 1946-та, додека ја преспала целата втора светска војна во некоја удобна колиба на Алпите... Таа сега не убедува дека партизаните уствари имале задни намери, дека нацистите не биле до толку лоши, погледнете ја само јавната чистота и екологијата, плус Хитлер имал добри ствари, погледнете му ги фотките и јаките митинзи, а овие ебените Евреи се нешто си го барале со боринче...

А потоа да оди дома и да се покрие под некое дебело ќебе и така да седи додека не и дојде финалниот суден ден...

Но таа дури оди бре човече во контра напад еј, навредува, нешто мудрува, шрии лаги, се глупира.

ГАДОВЕ! Никогаш нема да ги разберам ВМРО-вците, тие се навистина чудна сорта на луѓе, што би рекол еден писател, најголемиот проблем на човештвото е што глупите и злобните секогаш се самоуверени и упорни во напорите да успеат, но добрите и паметните секогаш се нешто се сомневаат во себе и во своето минато и сегашност и иднина и се нешто мерат, пресметуваат, анализираат, чекаат поволна шанса...

Останува да се бориме до крај против ова вакво ВМРО се додека не држат нозете и телата со надеж дека ВМРО еден ден ќе стане нормална партија! Со нормални добри луѓе со совест и образ и срам и рбегт и етика и морал!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија