ОВА ДОСЕГА НЕ СТЕ ГО ЧУЛЕ: Раководството на ВМРО ДПМНЕ се правда за поразот со една смешна теза од која ми иде да се валкам на земја од смеа

Објавено на 05.05.2019 во 21:37:02 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мицковски неколку пати во интервјуата а вечерва и Муцунски на Телма на прашањата зошто изгубиле одговараат, ема мала ни е коалицијата, не е фер :D

ХАХААААААААААААААААААА!!!

Леле ми иде една недела да се валкам на земја со смеење, па дали сте бе нормални?

Па зошто ви е коалицијата мала? Зошто избегале од вас?

Зошто немате Албанска партија во вашата коалиција?

Дали е тоа пораид национализмот, анти западните стојалишта, популизмот, одбивањето да го подржите СЈО, да се оградите од Груевски?!

Кој е крив за тоа бе црепови, ние или вие?

Вие што сте тамо да се сликата или да менувате визии, концепти, политики, програми, ПР пристап за да ви се зголеми коалицијата?

Ах бе ропаци, копуци, абдали, шапшали, вие сте се скарани со политика, вие сите сте МАЛИ ЏОКИЦА како замислува политика!

Они мислат дека ќе можат вечно да си ловат лесни поени со национализам и со кочење на сите договори со соседи и сите тешки реформи внатре во свои редови и тоа да не им се одрази на избори?!?!

До кога бе ќе се надевате дека со победите во Драчево, Илинден, Виница и Зрновци мислите дека ќе владеете во една мулиетничка Северна Македонија?!?!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија