Политичар тип здебелен стаорец: Малце исплашен, малце таинствен, повлечен, малце и опасен и страшен ама не многу, малце расипан, малце итар, малце небитен, малце гаден, тоа е Иванов...

Објавено на 08.05.2019 во 13:43:25 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Многу ме асоцира Иванов на глушец, и тоа од оние малце поголемите, значи стаорец.

Му ја анализирам кариерата, и навистина одговара на сите карактеристики на еден стаорец капиталец, со пуно меше од изедени еден шлепер пастрмки во Охрид за 10 години мандат.

Никаде го нема а знаеш дека нешто глода и ти спрема.

Расипан и подлец, итар и снаодлив, но у суштина небитен и органичен.

Малце страшен ама не многу. Да ти се згади од него секогаш кога ќе го приметиш да делува.

Обожава да се крие и да бега, апе и бега, лае и бега.

И најсстрашно е што најверојатно мисли дека е цар на животните. Се гледа дека има некоја изопачена слика за себе и својот учинок во светот.

Да се надеваме дека ерата на стаорци во политиката е завршена.

Доаѓа време на храбри лавови, пуми, храбри шарпланинци, питбули, коњи, орли, многу поценети животни кои ги има и на национални грбови и на пари дури.

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија