Бујар никогаш не се дрзнал да го критикува Ахмети во својата политичка кариера, но затоа јавно на тв му дели лекции на Заев со што го понижува и деградира и нанесува голема штета на дисциплината во владата како највисоко државно тело!

Објавено на 08.05.2019 во 22:53:37 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Подредените вработени не треба да го озборуваат и исмејуваат шефот нити позади грб некаде во мал круг на луѓе преку оговарање а не пак да го прават тоа во јавност пред сите.

Едноставно тоа се вика зла крв, негативна енергија која делува блокирачки за еден тим кој треба да е уигран како едно, да си помага, да си бидат лојални едни на други се додека не дојде време да се газат црвени линии за што секако одговор е само еден и единствен, лична оставка.

Вице премиерот не смее да си дозволи јавно да му дели лекции на својот шеф. Требало да крене слушалка и тоа да му го каже на телефон со должна почит и респект секако.

Мора во една организација да има хиерархија и дисциплина без тоа ќе настане хаос. Основна карика на таа дисциплина е респект и почит кон надредениот.

Како ќе се чувствува Бујар ако некој од неговиот кабинет излезе на тв и почне нему да му дели лекции како министер за евро-интеграции?!?! Нели е тоа деградација на него како шеф на тој тим?! Кој потоа ќе го цени, респектира и ќе му се плаши како шеф кој треба да воведе работна атмосфера, ред и дисциплина во таа организација, како ќе ги мотивира да работат повеќе да дада се од себе и плус уште 10%?!

Бујар ме разочара, инаку многу го ценам како политичар, како доктор како човек, како интелект, најспремен портпарол и оратор на овие простори убедливо!

Но ете дури и он се лизна на кора од банана. Најмалку му должи на премиерот јавно извинување, нема да ме чуди ако добие и отказ.

Заев е ок човече, другарче, но сепак, за се има црвени линии, он не стигнал таму каде што е ако дозволувал вакво понашање во организациите каде тој командува.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија