ВНИМАНИЕ: Носителите на проектот РУШИ ГО ЗАЕВ веќе не се задоволуваат со операција МЕТЛА, сега ја бараат или главата на ЗАЕВ или СДСМ да оди во опозиција?!?!

Објавено на 09.05.2019 во 09:43:30 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Носителот на масивниот ПР проект РУШИ ГО ЗАЕВ, Геро, веќе ја менува тактиката.

Откако им успеа да го убедат народот дека СДСМ не продуцира доволно квалитетна власт, и дека е потребна МЕТЛА, сега го зголемуваат влогот.

Сега веќе МЕТЛАТА не е доволна?!?! Сега се бара нешто драстично и драматично повеќе од тоа?!

ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ТОА? ПОЛИТИЧКАТА ГЛАВА НА ЗАЕВ? ПАД НА ВЛАСТА НА СДСМ?!

Храбри дечки нема што. И упорни. Добро знаат што прават.

Најдоа село без кучиња, па удри. Најдоа демократска власт која делува малку и наивно, па ја раскинаа.

Сега покажуваат и уште поголеми амбиции, веќе со прст се покажува дури и кон Заев.

Морам да признаам дека ова не го очекував. Ги потценив копилињата.

Им се поклонувам на упорноста и дрскоста, знаат дека се моќни и решиле добро тоа да го уновчат или во пари или во моќ и влијание.

Да видиме дали Заев и понатаму ќе ги толерира овие подмукли копилиња.

Едно е да си демократа, но некој вака да те руши тенденциозно со хистерија и лажни вести, со местенки, со мајмунарии, со ПР финти, на тоа мора и треба да се одговориу адекватно, доста е веќе со овој театар каде демек се правиме наудрени и НЕКА ГИ БЕ, ОСТАВИ ГИ, НЕ ГИ РЧКАЈ ДА НЕ СМРДАТ концептот.

Они си смрдат и самите без да ги рчкаш, таква им е кармата на овие гадови.

Инаку менеми беше јасно од старт дека операцијата МЕТЛА не беше за да се подобри владата, туку за да се ослабне Заев и да му се нанесе штета.

Сега со тоа што се бара неговата глава и дури и СДСМ да си одел се гледаат вистинските мотивации на оваа група, а тоа е КАЗНА И РУШЕЊЕ НА ЗАЕВ како одмазда за тоа што не го добија тоа што го бараа во поделбата на функции и моќ, со ова се прави една показна вежба за тоа кој е кој во земјава, кој дрма, којо менува влади, барем во левичарската сфера на влијание.

Секако дека тука има и дил со ВМРО ДПМНЕ кои се колатерални профитери од оваа ПР ОПЕРАЦИЈА.

Што треба Заев да направи? Да паднат маските и веќе овие ДЕМЕК НЕУТРАЛЦИ да се означат она што се, жестока опозиција која не бира средства да и нанесе штета на владата, и да се влезе во ПР дуел со оваа група.

Да се знае дека не се добронамерни загрижени граѓани активисти, туку злонамерни бараби ала МИЛЕНКО И ОСТАЛА БАГРА, НЕМА НИКАКВА РАЗЛИКА СО НИВ ВО МОМЕНТОВ!

Затоа Геро толку добро се гушкаше и лапаше со Јанко Бурек кај него во емисија, овие гадови сега се во ист ров, се борат за истите цели и кауза.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија