Геро, не е убаво да ги навредуваш и плукаш најблиските соработници на Заев, има таму големи луѓе, големи борци, големи интелекти, Радмила, Оливер, Тевдо, Петре, Рената, Благој, Љупче, Максо, Мила, Горан, Кирац, Дамјан, Јани, Богац, Српче итн сите се за почит, зошто такви навреди?

Објавено на 09.05.2019 во 18:23:01 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Си има во политиката правила на игра.

Имаше во СДСМ неколку фракции, едната беше на Заев и Радмила зад која застанаа сегашните првенци во владата и парламентот како Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Рената Дескоска, Фросина Ременски, Александар Кирацовски, Горан Сугаревски, Драган Тевдовски, Петре Шилегов, Хари Локвенец, Благој Бочварски, Богац, Српче...

Сите овие се кој од кој или универзитетски професори како Фросина, Рената и Тевдо, тешки политички тешкаши како Јани, Зечевиќ и Радмила или успешни новинари, доктори, бизнисмени и адвокати како Мухамед Зекири, Венко Филипче, Хари Локвенец и Петре Шилегов или пак се новата надеж на СДСМ која допрва треба да се докажува на дело како, Благој Бочварски, Љупче Николовски, Богац, Српче и Александар Кирац.

Зошто такви брутални навреди за овие луѓе?! Кој од овие луѓе за тебе не чини и не е на висината на задачата која ти ја бараш од нив?!

Мухамед Зекири и донесе на СДСМ над 40 000 гласови со својот висок рејтинг кај Албанците како многу успешен новинар во земјава многу познат на Албанците како гледачи и конзументи на политички вести.

Старите волци Јани, Зечевиќ и Радмила се тешки политички тешкаши и СДСМ има потреба од такви луѓе.

Универзитетските професори Тевдовски, Дескоска и Ременски му даваат интелектуален шмек на СДСМ.

Успешните адвокати, доктори и бизнисмени како Шилегов, Филипче и Локвенец се многу ок дечки, Шилегов дури важи за еден од најблиските луѓе на Заев кој како портпарол ја водеше битката со режимот.

Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Сугаревски се тркачи на терен како што се и младите Кирацовски, Богац, Бочварски и Српче.

Ова како екипа заедно е една завидна сила која меле на терен која го прегази ВМРО ДПМНЕ во страшни околности, секако благодарение на стратегијата и храброста на Заев и помошта од запад и Албанците.

Најпријатно изненадување се Мила Царовска и Венко Филипче кои се појавија од нигде никаде.

Зошто такво потценување за овие луѓе, зошто такви навреди? Или тебе можеби најмногу ти смета Роберт Поповски, шефот за медиуми, можеби ти него никогаш не успеа да го преболиш?

Секако дека во земјава има попаметни луѓе од овие што ги набројав, но Заев не можеше да им нареди на тие луѓе да дојдат на Бихачка и да се борат против режимот.

Политичката активност е пред се ВОЛОНТЕРСКА и секој кој сака може да се проба, овие погоре сакале, можеле, знаеле и народот позитивно одговорил на нив и ги гласал.

Се труделе луѓето, трчале, се бореле, и се избориле.

И сега така лигавешки да седнеш и да ги вреѓаш дека ете биле глупи, неписмени, вакви такви, тоа е малце суетно и его трип.

Има во СДСМ и интелект и знаење и енергија и харизма. Да не ја заборавам лидерката на жените, прекрасната Цветанка Ласкова.

Но владата е дури и побогата со кадри од што е СДСМ затоа што во владата има многу од НВО секторот и од останати партии на една голема коалиција. 

Да тврдиш дека повеќето од овие луѓе се неспособна багра е многу навредливо суетно надмено однесување на разочарана квачка на која никој веќе не и се качува, или не доволно како што она би сакала.

Но во политиката интелектот и начитаноста не се доволни, треба и големо срце и голему муда. Што мислиш колку од интелектулната елита ќе имаше храброст за застане до Заев на 27-ми април и беше спремен да загине заедно со својот партиски лидер?

Демократијата е толку убава што ги спрема политичките партии за квалитетна работа преку безмилосната изборна битка каде се натрпеваруваат со програми, визии, работа на терен, харизма, ораторски говори...

Тоа што СДСМ успеа да гои победи ВМРО ДПМНЕ во знаеме какви услови е најголем доказ дека Геро не е во право дека првиот ешалон на СДСМ е сотавен од кретени и просечни медиокритети.

Напротив, големи се тоа јунаци и умни и способни луѓе. И резултатите од нивната работа, нивното владеење веќе се гледаат и се повеќе ќе се гледаат и оваа дебата ќе стане беспредметна.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија