Братот на Ахмети смета дека Меџити, Лика, Бејта и Џафери се за во политичка пензија

Објавено на 11.05.2019 во 14:10:02 часот | Македонија

Фекри Ахмети, братот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, смета дека дел од кадрите на интегративците треба да заминат во политичка пензија.

Како што пренесува Алмакос, помалку познатиот од браќата Ахмети ваков коментар дал на анкетата на тетовски портал за тоа кој кандидат заслужува да го предводи новото министерство за политички систем, при што предложени биле Изет Меџити, Хазби Лика, Невзат Бејта и Муса Џафери.

„Ниту еден од нив нема младешка мотивација и лидерски вештини, затоа треба да размислат за пензија”, искоментирал Фекри Ахмети, брат на Али Ахмети.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет