Премире, ако сакаш да ги убиеш политички ВМРО-ните и да им ја затвориш устата еднаш засекогаш, мораш да го почнеш и изградиш новиот клинички центар

Објавено на 11.05.2019 во 14:44:48 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Премире, сега си сам на патеката.

Нема веќе пречки пред тебе.

Хорхе ојде кај мајка му у ...

Грујо и Мијалков исто...

Ги реши проблемите со соседите, дома е мирно.

Сега сте сами вие, ти, Рада, Тевдо, Петре, Филипче, Кирац и компанија. Сами на патеката, пречките се изнамачивме да ги тргнеме и сега ги нема, сега само една пријатна тишина и врапци и штурци само се слушаат.

Еве го и Стево ќе ви помага заедно со бриљантниот шармер Димитров.

Ајде да видиме што знаете и колку можете да сработите. До каде можете да истрчате и со кое темпо и со кој квалитет.

Мој совет е - би било просто фантастично ако го почнете и завршите новиот клинички центар додека сте на власт.

Народот сака да види нешто конкретно, да го пипне, осети, се друго му е некаква магла, зуење некое, брмчење на муви, оси и бумбари...

Со тоа ќе им ја затвориш устата на ВМРО-ните за век и веков.

Ќе биде епска закачка - Вие го направивте скопје 2014-та а ние Клинички 2024-та!

Ајде премиере, стајте го новиот клинички центар ПРИОРИТЕТ БРОЈ 1!

Работете на него ако треба и прекувремено.

Направете го тоа за нас, сите што гиневме да падне режимот и вие да дојдете на власт.

Направете не горди, нас новинарите, Шарена, сите активисти, сите обични гласачи и симпатизери.

И исто така би било добро ако изградите и нов студентски центар. Предлагам одлична локација за тоа - плацот до салата Борис Трајковски, несудениот трговски центар на Мишковиќ од Србија.

Таа локација е блиску до салата Борис Трајковски, до неколку факултети како ФЕИТ, ФИНКИ, Машински, Технолошки.

Тука е и кејот каде студентите ќе може да спортуваат, тука е и паркот. Има и аква парк во Борис Трајковски има и трки за коли, имаи хокеј, баш ќе биде супер, има и базен, студентите ќе имаат убав здрав спортски живот.

Ајде премиере, заедно со патиштата кои треба да ги завршите и со хидро централите Чебрен и Галиште, тоа ќе биде едно одлично сработено ЦВ зад себе, листа на проекти кои ќе бидат гордост за СДСМ во децениите кои следат.

Шилегов ако успее да ги заврши мостовите и булеварите и ако му успее нешто да направи и за трамвајот и ако се реши проблемот со загадувањето, тоа ќе биде исто така голем успех.

Што се однесува до екологијата, формирајте елитна единица за ЧИСТОТА, едно 200 души кои со автобуси ќе шпартаат по земјава и ќе чистат диви депонии, ќе чистат клучни природни места каде има многу туристи и многу загадување, едноставно таа ЕКО ПАТРОЛА ќе се грижи за чистотата на земјата за оние делови каде општините немаат ресурси да се справат со овој голем проблем.

Тоа ќе биде вашата оставштина за Северна Македонија и за СДСМ со која ВМРО ДПМНЕ ќе мора да се борат и да најдат нешто поголемо за да се борат на политичкиот мегдан!!!

Ајде премире, ве чека многу работа, ова го очекуваме од вас, секогаш сме имале високи очекувања од вас, оправдајте го тоа!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија