ГО ГЛЕДАМ СТЕВО ВО ВИЛАТА ВОДНО И ОСВЕН ГОЛЕМА СРЕЌА МЕ ОБЗЕМА И ГОЛЕМА ТАГА: Зошто за ова чекавме толку долго, зошто ова не се случи во 2014-та, зошто не во 2009-та, зошто Албанците дозволија со нивни глас нивниот, нашиот џелат да победи и да не гази 10 години загубена декада фрлена на буниште?!?!

Објавено на 13.05.2019 во 15:29:41 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Кој згреши?!

Кој е крив?!

Зошто и требаше 10 години на македонската прогресивна сила да се здружи со албанските партии и да изгласа напреден западњачки претседател?!?!

Може ли некој да го одговори ова прашање?!

Каде беше визионерството на Али Ахмети и Села и Касами пред 10 или пред 5 години?!

Можете ли да ја замислите сега земјава со 10 години претседател Фрчковски или 5 години претседател Пендаровски?!?!

Зошти ги фрливме овие години на буниште?!

Зошто им требаа цели 10 години на албанските политичари и лидери да прогледаат дека помагаат и гласаат за својот џелат?!

Или веруваа дека сепак Грујо и Хорхе не се нивни џелати? Зарем толку добро лажеа што и нив успеаја да ги излажат?!

Штета, многу ми е криво што изгубивме толку години а можевме да спасиме барем 100 000 отселувања на млади од земјава, сега ќе бевме пред портите за влез во ЕУ а во НАТО веќе ќе бевме стара членка...

Колку ли само фабрики ќе имаше сега во Бунарџик, колку ли само висока ќе ни беше платата, но тоа е тоа, ќе мора да се помириме со судбината и со спороста на нашите лидери конечно да го погодат правиот пат...

За таа спорост плаќаме сите, ама барем сега конечно ја погодина целта и правиот курс, некои земји ни таа среќа ја немаат, вечно лутаат во маглата...

Нека ни е честито нов претседател, по подолго време на Водно имаме човек со мозок и со здрав разум а не непресметлив лудак.

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија